Вегански куглоф - Gorenje
затвори
...

Вегански куглоф

ХРАНА
5.4.2021

Вкусното словенечко велигденско празнично слатко задоволство е куглоф со ореви и мора да биде на сечија трпеза по овој повод. Традиционалниот куглоф е направен од меко и воздушесто тесто, полнето со фил од ореви или лешници. Ајде да направиме веганска верзија од него.

Состојки за тестото: 

  • 350 гр брашно
  • 70 гр шеќер
  •  ½ лажичка сол
  •  20 гр свеж квасец
  • 175 мл оризово млеко
  • 70 гр вегански путер
  • ¼ лажичка куркума
  • 1 лажица кора од портокал

Во голем сад за матење додадете ги брашното, шеќерот и солта. Направете дупка на средина и истурете 175 мл топло оризово млеко. Посипете 20 гр свеж квасец во оризовото млеко и оставете го да отстои неколку минути додека не изреагира квасецот. Во садот, додадете стопен вегански путер, додадете 1 лажица кора од портокал и ¼ лажиче куркума. Мешајте со миксер 5 минути со средна брзина. Тестото треба да биде навистина меко и да се враќа наназад кога ќе го стиснете. Од тестото формирајте топче, извалкајте го со малку брашно и покријте го со крпа. Оставете го да одмори 40-60 минути на топло место. Треба барем дупло да порасне.

Состојки за фил со ореви:

  • 380 гр мелени ореви
  • 40 гр шеќер
  • 20 гр ванилин шеќер
  • 150 мл оризов крем
  • 100 гр вегански путер
  • 100 мл оризово млеко
  • 2 лажици рум

Во сад ставете 380 гр ореви, 40 гр шеќер и 20 гр ванилин шеќер и промешајте. Истурете 150 мл оризов крем во мала тава, а потоа додадете 100 мл оризово млеко и 100 гр растителен путер. Полека оставете да зоврие и целата смеса додека е уште топла додадете ја на оревите. За подобар вкус, додадете 2 лажици рум и мешајте со лажица додека текстурата не стане кремаста.

Штом тестото порасне, осигурете се дека имате голема работна површина. Набрашнете ја работната површина и ставете го тестото на средина. Започнете да го сукате тестото во форма на правоаголник и дебелина од 3 мм. Бидете сигурни дека не се лепи на површината.    

Рамномерно распоредете го филот низ целото тесто. Започнете да го виткате тестото од подолгата кон пократката страна. Виткајте го тестото нежно и цврсто. Отсечете ги нерамните краеви од двете страни. Ставете го тестото во подмачкан сад за куглоф. Покријте го и оставете го 15 минути за да нарасне. Загрејте ја рерната на 180°C. Боцнете го тестото неколку пати со стапче. Печете во рерна 50-60 минути на 180 степени додека не зарумени.

Извадете го од рерната и оставете го да се излади целосно пред да го извадите од калапот. Може да го посипете со шеќер во прав и вашиот вегански куглоф е подготвен за сервирање.

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice