Суфле од јагоди - Gorenje
затвори
...

Суфле од јагоди

ХРАНА
8.2.2021

Овој вкусен и привлечен десерт може да биде нешто со што би можеле да ја изненадите саканата личност. Само неколку состојки и едноставна подготовка можат да го направат магија. Послужете го овој рецепт на тој посебен ден и набљудувајте ги нивните позитивни реакции.

Состојки:

  • 150 gr шеќер во прав
  • 300 gr пире од јагоди
  • 15 гр пченкарно брашно
  • 3 белки

Загрејте ја рерната на 190 °С. Подмачкајте ги малите керамички садови за печење со стопен путер. Покријте ја внатрешноста со ситно мелен шеќер и извадете го остатокот од шеќерот од садовите. Ставете ги садовите во замрзнувач и оставете ги да отстојат додека не ви требаат повторно. Направете ја основата од јагоди. Ставете 150 gr пире од јагоди во мало тенџере. Додадете 70 gr ситно мелен шеќер. Промешајте, загрејте го тенџерето и оставете да врие една минута.

Во меѓувреме, во посебен сад измешајте го пченкарното брашно со 3 лажици вода и мешајте додека не се изедначи смесата. Потоа, додадете ја смесата со пченкарно брашно во пирето од јагоди. Со постојано мешање, гответе на тивок оган 5 минути додека смесата не се згусне. Оставете ја основата од јагоди да се излади на собна температура.

Додадете ги белките и постепено додавајте 80 gr ситно мелен шеќер. Изматете добро.

Во сад додадете 80 gr од овошната основа, додадете 1/3 од изматените белки и добро промешајте. Постепено додавајте го остатокот од изматените белки. Истурете ја смесата во мали керамички садови за печење, наполнете ги садовите до врв и проверете дали се рамномерно исполнети. Поминете со нож преку рабовите за да го отстраните вишокот од садовите. Печете го суфлето 10 минути, извадете ги садовите од рерна, посипете ги со остатокот од пирето од јагоди и декорирајте со свежи јагоди. Послужете веднаш.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice