Шарена паста со кремаст тофу сос - Gorenje
затвори
...

Шарена паста со кремаст тофу сос

ХРАНА
4.6.2021

Овој едноставен кремаст шарен оброк е лесен и вкусен. Уживајте во кремастиот сос од тофу и пропржени печурки. Секојдневен оброк што ќе ве расположи и ќе ве засити.

Состојки:

  • 150 гр шарени тестенини
  • 300 гр тофу сирење
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажице ситно сецкан ѓумбир
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 ½  лажиче сол
  • 1 лажиче микс од пет зачини за готвење во прав
  • 2 лажици масло од сусам
  • 100 гр крем за готвење од соја
  • 150 гр печурки
  • 2 лажици сечкан босилек
  • Свежо чили за сервирање

Ситно исечкајте 1 мала лажичка ѓумбир и 2 чешниња лук. Во сад за мешање додадете 300 гр тофу сирење, сечкан лук и ѓумбир. Додадете 1 ½ лажиче сол, 1 лажиче шеќер и 1 лажиче од миксот од пет зачини за готвење во прав. Додадете 2 лажици масло од сусам и изблендирајте го сосот користејќи рачен блендер. Додадете неколку лажици вода ако е потребно и мешајте додека не се изедначи. Додадете 150 гр шарени тестенини во солена врела вода. Сварете ги тестенините – al dente. Крупно исечкајте 150 гр печурки и пржете ги околу 5 минути. Додадете ги варените тестенини и измешајте. Додадете го тофу сосот, потоа 2 лажици сечкан босилек и измешајте. Украсете со свежо чили и послужете.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice