Распукани колачиња - Gorenje
затвори
...

Распукани колачиња

ХРАНА
28.11.2017

Состојки:

  • 250 g кокосово брашно
  • 120 g какао
  • 100 g мелени ореви
  • 250 g шеќер во прав
  • 3 јајца
  • Дополнително шеќер во прав

Одделете ги жолчките од белките. Матете ги белките од јајцата сѐ додека не се формира цврст шам. Во голема чаша се мешаат сувите состојки: кокосовото брашно, какаото, оревите и шеќерот. Изматете ги жолчките од јајцата, а потоа истурете го сето тоа во изматените белки од јајцата. Отпрвин можеби мислите дека мешавината нема да се соедини, но останете мирни, сè е во ред.

Сега е време да ги извалкате рацете! Или, дури и подобро, да ги натерате вашите деца да помогнат. Формирајте го тестото во топчиња од околу 2.5 cm и тркалајте ги во шеќер во прав. Ставете ги на хартија за печење на околу два сантиметри оддалеченост.

Печете ги колачиња од 5 до 8 минути, на 200°C или додека колачињата не почнат да се напукнуваат. Не грижете се, ако тие сè уште изгледаат меки кога ќе ги извадите. Кората ќе се формира откако ќе се оладат, но внатрешноста ќе остане убава и мека.

Магично едноставни, едноставно убави апарати за домаќинство на Gorenje дизјанирани од Ora ïto

Откријте ја новата колекција на апарати за домаќинство Ora ïto на Gorenje, дизајнирани според концептот на „едноставноста“ на ïto, што значи создавање хармонија помеѓу сложеноста на функциите и едноставноста на користењето. Достапни во црна или во бела боја, тие се карактеризираат со елегантни, минималистички одлики, па линијата на апарати за домаќинство Ora ïto на Gorenje претставува визуелно подобрување на секоја кујна.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice