Пита со јаболка - Gorenje
затвори
...

Пита со јаболка

ХРАНА
6.10.2020

Исклучително вкусно јадење подготвено со домашни тенки кори и фил од јаболка. Леснотијата на печење е клучот за среќата - се подготвува само во еден сад за целото семејство.

Состојки за тесто:

  • 300 gr пченично брашно
  • 70 gr шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 180 gr путер
  • 1 јајце
  • 50 ml вода

Состојки за фил:

  • 20 gr лебни трошки
  • 400 gr излупени и исечени јаболка
  • 50 gr суво грозје
  • 50 gr шеќер

Подгответе го тестото со месење на брашното, шеќерот и путерот. Додадете го изматеното јајце и доволно вода за да добиете меко тесто. Месете додека смесата стане конзистентна и формирајте тркалезно тесто. Покријте го со пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер најмалку 30 минути. Расукајте две третини од тестото на хартиена подлога.

Следниот чекор е да се подготви филот. Посипете лебни трошки рамномерно над тестото. Ставете ги излупените парчиња јаболка, сувото грозје и шеќерот рамномерно над лебните трошки и покријте ги со тесто. Извадете ја преостанатата третина од тестото и исечете ја на ленти. Ставете ги лентите над филот, за да формирате мрежа.

Печете на 170°C (горен и долен грејач) околу 70 минути. Може да го послужите со сладолед од ванила или малку прелив од карамел. Во зависност од тоа што сакате, ви гарантираме дека ќе уживате во секој залак. Пријатно!

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice