Крцкави колачиња со лимон - Gorenje
затвори
...

Крцкави колачиња со лимон

ХРАНА
18.10.2018

Овој рецепт ќе ве спаси кога ќе ви се најават неочекувани гости, бидејќи ви се потребни само пет состојки кои сигурно се наоѓаат во вашиот шкаф и во фрижидерот. Тие се исто така одличен избор кога печете со деца, затоа што можете децата да ги вклучите во подготовката и  во правење на форми со калапчиња. И да, тие се навистина вкусни!

Состојки:

  • 350 g брашно
  • 200 g путер
  • 120 g шеќер
  • 2 лимони
  • 2 жолчки од јајце

Измешајте ги брашното, шеќерот, ренданата кора од лимон и ладниот путер. Измешајте ги состојките во миксер со постоље, додадете сок од лимон и жолчки од јајце и мешајте уште неколку минути. Завијте го тестото во пластична кеса и ставете го во фрижидер половина час, потоа засукајте го тестото и направете ги формите на колачињата со калапи. Печете 15 - 20 минути на 180°C. Оставете ги колачињата да се оладат и потурете ги со шеќер.

Лична фабрика за совршен вкус: вградни рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice