Карневалско печиво - Gorenje
затвори
...

Карневалско печиво

ХРАНА
19.1.2018

Овие вкусни колачи традиционално се служат во Словенија за време на карневалот. Тие толку лесно се прават, а уште полесно е да уживате во нив!

Состојки:

  • 350 g брашно
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 250 ml шлаг

Растително масло за пржење и шеќер во прав за посипување

Во голем сад ставете брашно, додадете јајце во средината и измешајте го тоа со шеќер и сол. Додадете го шлагот и месете сѐ додека не се формира мазно тесто. Оставете го да отстои половина час, а потоа сукајте го тестото во правоаголник колку што е можно потенко, посипувајќи со брашно колку што е потребно, за да се спречи лепењето. Користете обичен нож или остар нож во облик на тркало за сечење помали правоаголници (6 x 10 см). Потоа исечете 3 до 4 ленти во секој правоаголник.

Истурете растително масло во длабока тава, вклучете ја плочата за готвење на средна топлина и пржете да добиете златна боја (околу 1 минута) на секоја страна. Ставете ги пржените печива на хартиена крпа за да го отстраните вишокот маснотии. Посипете ги со шеќер во прав.

Заблескајте со вашата креативност

Готвењето како професионален готвач може да биде едноставно. Сè што е потребно е креативна искра, бидејќи вашата плоча на плин од Gorenje, ќе се погрижи за сè друго. Со нејзината голема површина, со моќниот горилник со напредни функции, таа нуди поддршка за вашите најхрабри потфати во готвењето.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice