Фокача - Gorenje
затвори
...

Фокача

ХРАНА
8.7.2019

Зошто да купувате фокача кога може лесно да си ја направите сами? Овој рустикален италијански леб, попрскан со морска сол и свеж рузмарин лесно е да се направи и неговиот вкус е многу многу богат. Добро оди со многу јадења, како на пример со скара, салати и со ладно предјадење. Одличен избор за на излет.

Состојки за стасување на квасецот:

  • 21 гр. свеж квасец
  • 2 супени лажици бело пченично брашно
  • 1 прстофат шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 100 мл. топла вода

Состојки за тестото:

  • 500 гр. бело пченично брашно
  • 2 лажички сол
  • 80 мл маслиново масло
  • 200 мл. вода
  • 1 прстофат морска сол
  • 1 гранче рузмарин

Подгответе ја смесата со мешање на изронетиот квасец, 2 лажици бело пченично брашно и прстофат шеќер и сол во 1 децилитар млака вода за да добиете мазна смеса. Оставете да стаса околу 5 минути.

Потоа, додадете ја смесата со квасецот во другите состојки и почнете да месите рачно 10 минути. Ставете го тестото во статичен миксер и мешајте додека тестото не стане еластично.

Тестото ставете го во добро подмачкан сад за печење со димензии 30 х 20 см со нежно истегнување (за да се избегне кинење) по должината и ширината на садот за печење во рамномерен слој, изработувајќи го сè до рабовите и во аглите. Дебелината на тестото треба да биде околу 1 см. Великодушно потурете го тестото со масло и цврсто покријте го со пластична фолија за да спречите пристап на воздух. Нека се крева приближно еден час или додека не ја удвои зафатнината. Повторно замаслете го тестото. Направете дупки во тестото и посипете го со морска сол и со рузмарин.

Загрејте ја рерната на 220°C (горен и долен грејач) и печете 20 минути, потоа намалете ја температурата на 180°C и печете уште 10 минути или додека фокачата не добие нежно златна боја. Извадете ја од рерната и по желба испрскајте ја со малку повеќе маслиново масло. Пресечете ја и сервирајте ја топла или ладна.

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice