Едноставен сос од брокула - Gorenje

Едноставен сос од брокула

ХРАНА
23.5.2017

Состојки:

  • 1 голема брокула, разделена на цветови
  • 4 лажици маслиново масло
  • 3 чешниња лук, сечкани
  • 1/2 филџан свежо рендан пармезан (по желба)
  • Сол и бибер (по желба)

Во голема, тешка тава, загрејте го маслиновото масло на средна температура до пред вриење. Додадете лук и гответе додека не почне да мириса, околу 1 минута, а потоа додадете ја брокулата и добро потопете ја во маслото, готвејќи додека целосно омекне (1-2 минути).

Додадете ги тестенините во тавата со брокула и добро измешајте ги додека не се покријат со сосот. Додадете половина од пармезанот (по желба) и додавајте малку по малку од водата во која се вареле тестенините, сé додека не се создаде сос што се нафаќа на тестенините. Зачинете со сол и бибер. Послужете веднаш со остатокот пармезан.

Добар апетит!

 

Без мраз, без проблеми: нема веќе „нафаќање мраз“ со NoFrost комбинираните фрижидери

За уште поедноставно замрзнување на храната, пробајте ги комбинираните NoFrost фрижидери од Gorenje. NoFrost технологијата  не само што ја спречува акумулацијата на мраз врз храната и таложењето на мраз на ѕидовите од внатрешноста на замрзнувачот, туку исто така ја задржува храната во истата форма во која сте ја складирале.

Ова го олеснува наоѓањето на производот што го барате, и ѝ овозможува на храната да ги задржи својот квалитет, бојата и аромата додека целосно го користи достапниот простор. Комбинацијата на интензивна циркулација на воздухот и екстракцијата на влажност, исто така, ви заштедува проблеми ако некогаш е потребно одмрзнување и чистење на мразот.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice