Чоколадно брауни - Gorenje
затвори
...

Чоколадно брауни

ХРАНА
1.10.2020
Чоколадно брауни

Користете го овој рецепт и направете одлично чоколадно брауни. Овие неодоливи торти лесно се прават и можат да го претворат вашиот лош ден во добар. Не двоумете се и пробајте ги додека сѐ уште се топли. Послужете со топка сладолед.

Состојки:

  • 250 gr путер
  • 250 gr темно чоколадо
  • 250 gr кафеав шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Прстофат сол
  • 180 gr бело пченично брашно
  • 50 gr какао во прав
  • 5 јајца
  • 1 лажица рум - по избор

Скршете го црното чоколадо на мали парчиња, додадете путер и ставете ги во сад. Наполнете мало тенџере до четвртина со топла вода, а потоа ставете го садот со чоколадото и путерот одозгора така што садот нема да ја допира водата. Вклучете ја плочата за готвење на тивко за да се стопат путерот и чоколадото и повремено мешајте.

Изматете ги јајцата, шеќерот и солта. Матете додека смесата стане компактна и кремаста. Истурете ја оладената смеса со чоколадо врз мусот од јајца, а потоа лесно промешајте ја со шпатула. Додадете шеќер, брашно и какао во прав и нежно измешајте. За посебен вкус, по желба, можете да додадете лажица рум. Истурете ја смесата во намастен плех за печење.

Загрејте ја рерната на 170°C (со вентилатор) и печете 30 минути. Оставете да се излади пред да го исечете. Може да послужите со или без сладолед.

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice