Чоколадна торта со остаток од ориз - Gorenje
затвори
...

Чоколадна торта со остаток од ориз

Чоколадна торта со остаток од ориз

ХРАНА
3.10.2020

Претворете го остатокот од оризот во вкусна чоколадна торта. Колачот може да го чувате во фрижидер до 3 дена, но сигурни сме дека ќе го изедете многу брзо.

Состојки:

  • 200 gr остаток од варен од ориз
  • 200 gr шеќер
  • 5 јајца
  • 40 gr какао
  • 2 лажички ванила
  • 160 gr мелени бадеми
  • 1 лажиче прашок за печиво

Прелив:

  • 200 gr ганаш од чоколадо
  • 50 gr свежи јагоди

Додадете ги варениот ориз и шеќерот во процесор за храна. Префрлете сѐ во сад, додадете 5 јајца и добро измешајте. Додадете 40 gr какао и 1 лажиче прашок за печиво, потоа додадете 2 лажички ванила и 160 gr мелени бадеми. Мешајте додека смесата не се соедини и истурете во калап за торта. Печете 40-50 минути на 180°C и одозгора декорирајте со ганаш од чоколадо и јагоди.

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice