Пуслици - Gorenje

Пуслици

ХРАНА
20.3.2019

Толку класичен, но сепак толку едноставен десерт! Можете да ги направите заедно со Вашите деца. Пуслиците потсетуваат на пролет и на романтични моменти. Слатки, лесни и привлечни за гледање. Исто така можете да ги користите како украс на торти или други десерти за да постигнете посебен ефект.

Состојки:

  • 3 белки
  • 210 g шеќер
  • 1 лажица сок од лимон

Изматете ги белките од јајцата до формирање на густа смеса. Додадете го шеќерот и сокот од лимон додека матите. Обложите го дното на плиткиот сад за печење со хартија за печење и истиснете мали подлоги од смесата за пуслици врз хартијата. Сипете ја смесата во вреќичка за колачи со кружен додаток или додаток во форма на ѕвезда. Формирајте декоративни форми на пуслуци врз подлогата која претходно ја направивте на хартијата за печење.

Печете на 80 °C, со горен и долен грејач, 120 минути. Нека се изладат целосно на хартијата за печење. Чувајте ги на собна температура во затворен сад.

Овие крцкави и вкусни слатки се лесни и воздушни, па ќе сакате да ги направите повторно. Навистина убав начин да го прославите доаѓањето на пролетта. И зошто да не ги правите во различни бои. Можете да ја промените бојата ако додадете некој вкус или ако додадете боја за храна или на екстракт кога ги матите белките.

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice