Салата од краставица, маслинки и леќа - Gorenje
затвори
...

Салата од краставица, маслинки и леќа

ХРАНА
10.9.2021

Доцен ручек, вечера или нешто помеѓу. Оваа салата, која се сервира како предјадење, како ладен оброк, со брз прелив што содржи оцет, зелена леќа, каламата маслинки, свежа краставица и фета-сирење, е совршена за секоја пригода и во секое годишно време.

Состојки:

  • 200 гр зелена леќа
  • 2 ловорови листа
  • 2 кори од лимета
  • 1 голема краставица
  • 250 гр шери-домати
  • 120 гр маслинки каламата
  • 100 гр фета-сирење
  • 2 лажици балсамико оцет
  • 3 лажици соја сос
  • 3 чешниња лук
  • 70 мл маслиново масло

Додадете 200 гр исплакната зелена леќа во тенџерето. Суво пржете ја леќата 2-3 минути на висока температура. Додадете 2 ловорови листа, 2 корки од лимета и 1 чешне лук. Истурете го ова во 600 ml вода, промешајте и покријте го садот. Варете ја оваа содржина во тенџерето 20 минути. Внимателно отстранете ги ароматичните билки од тенџерето и исцедете ја сварената леќа. Оставете да се олади. Во меѓувреме, исечете ја големата краставица на тенки парчиња. Додадете 250 гр шери-домати. Во мал бокал измешајте 2 лажици балсамико оцет, 3 лажици соја-сос, 2 рендани чешниња лук и 70 мл маслиново масло. Додадете ја варената и оладена леќа во голема чинија за салата. Додадете ги исечканите краставици, четвртината шери-домати и 120 г маслинки каламата. Прелијте со подготвениот прелив (или дресинг) и добро промешајте. Потурете со фета-сирење одозгора и сервирајте.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice