Сакате ли да патувате? Каква храна треба да понесете кога одите на пат и како треба да ја спакувате - Gorenje
затвори
...

Сакате ли да патувате? Каква храна треба да понесете кога одите на пат и како треба да ја спакувате

ДОБАР СОВЕТ
7.6.2021

Повеќето луѓе и семејства сакаат да понесат слатки јадења и солени закуски во кои уживаат за време на патувањето. Ова е грешка што секој ја прави бидејќи ваквите закуски се несоодветни – тие нè ожеднуваат, а децата стануваат уште понемирни. Исто така, треба да се имаат на ум хигиенското ракување со храната и, се разбира, миењето раце.

Со сериозно ограничените можности за авионски летови оваа година, многу семејства ќе се одлучат за патување со автомобил до нивната дестинација за одмор. Стасувањето дотаму може да вклучува и едно или повеќе застанувања на постојките за купување храна. Што треба да јадете попат до местото одредено за годишен одмор, кога надвор е топло, а децата во автомобилот копнеат по слатки?

Експертите велат дека слатките се најнесоодветното решение во вакви случаи бидејќи нивното консумирање ќе ги направи децата немирни, а тоа ќе им ја отежни ситуацијата на сите присутни, особено на возачот. Имајте на ум дека солената и слатката храна го дехидрираат организмот, така што најдобро е таква храна да се избегнува на долгите патувања. Но, списокот не завршува тука. Кога патувате со автомобил или автобус, препорачливо е да избегнувате тестенини, леб и секаков вид храна направена од бело брашно. Оваа храна има висок хипогликемичен индекс и веројатноста е голема оној што консумира таква храна да стане мошне сонлив.

Што треба секој што патува да јаде наместо она што претходно го наведовме? Доколку преовладува пристапот „држете се до она што е поедноставно“, може да помогне и малку фантазија. Ако не можете да им одолеете на сендвичите, подгответе такви што ќе бидат колку што е можно полесни и сочни. Зелената салата, никулците, пиперките, краставиците и разни видови зачински билки се многу вкусна и, пред сѐ, здрава храна. Ако направите пауза во некој ресторан на патот до местото на кое ќе го поминете годишниот одмор, придржувајте се до правилата за здрава исхрана.

Работи кои треба да се имаат на ум

Експертите за исхрана ќе ве советуваат да избегнувате додавање домати во сендвичите бидејќи тие значително го навлажнуваат лебот. Ако членовите на вашето семејство се љубители на доматот – едноставно понесете си домати одделно и јадете ги како додаток на оброкот. Кога патувате, саламите, исто така, не би требало да се најдат на вашиот список со храна. Зошто? Бидејќи тие се солени и ве ожеднуваат. Наместо тоа, експертите за исхрана предлагаат да се јадат домашно печени пилешки гради. Може да си дозволите да додадете кускус, каша од хељда и/или житарки, во салатите од краставици и домати, инаку, во спротивно, тие може брзо да се претворат во некаква мешавина што веројатно ќе се фрли.

Ужинки за деца

Нездравите закуски може да ги замените со убаво подготвено овошје и зеленчук. Децата, исто така, ќе уживаат во секаков вид шарени закуски. Комбинирајте ги со сирење и ореви. Неколку други одлични комбинации на храна се: круши и сирење, грозје и сирење е исто така вкусно, а лубеницата може да се комбинира со грозје, како и нектарината со ананас. Ако подготвувате овошна салата, помислете дека би можело да додадете свежо нане, маточина или жалфија за уште поубава свежина. Доколку посакувате поенергична закуска, почестете се со житни табли или со мешавина од ореви и суво овошје.

Хидрирањето е важно

Во летните горештини, на човечкото тело му требаат многу повеќе течности од вообичаено. Ако ви здодеало да пиете обична вода по пат, што претставува најпрепорачлива опција, одлучете се за здрави овошни пијалаци. Се разбира, без додавање шеќер. Добра идеја е да подготвите лимонада за по пат: исцедете сок од лимон во водата, додадете малку свежи билки (нане, маточина) или малку сируп од бозел. Домашниот сок е, исто така, убав пијалак за патувања: направете пире од кое било овошје така што ќе го исцедите овошјето преку цедалка или ќе го измешате. Додадете вода и малку сок од лимон за да не потемни.

Ако имате соковник, можете да исцедите и сокови од разни овошја и зеленчуци и да подготвите домашен ладен чај. Ледените чаеви се исклучително освежувачки и добро се вклопуваат со разни овошни сокови и додатоци од билки. Роибос или калинка добро одговараат за приготвување ладен чај. Ако правите чај од билки, додадете малку сок од лимон во него, во спротивно, тој ќе потемни со текот на времето и ќе биде понепривлечен за пиење. Ако целото семејство има слабост кон сладоста, малку мед (во умерени количини) може да се користи за засладување.

Посветување внимание на приготвувањето на храната

Секоја храна за патување треба да биде спакувана во чисто, непропустливо и за храна наменето пакување. Суровата храна (како што се месото, јајцата) најдобро се чува одделно од варената и во продавница исечената деликатесна храна, како и одделно од храната што се консумира сурова (овошје, зеленчук). Најдобро е оваа храна да ја чувате на дното од торбата за ладење или во посебна торба.           

Поголемо внимание треба да се обрне на храната која мора да се чува на ниски температури, какви што се млекото и млечните производи, термички обработената храна подготвена за јадење и свежото месо. За подолги патувања најдобро е да имате две поладни торби, едната за пијалаци и за храна за патувањето, а другата за храната што ќе ја консумирате на местото што е цел на вашето патување. Темелно исчистете ја торбата за ладење пред употреба за да спречите можна контаминација на храната за време на транспортот. Ставете ја храната што е склона на расипување, а којашто претходно била чувана во замрзнувачот и во фрижидерот, во термо-торбата за ладење непосредно пред поаѓањето. Поставете ја термо-торбата за ладење на најстуденото место во автомобилот и избегнувајте изложување на директна сончева светлина.

Недоволна хигиена на рацете може да ви го уништи одморот

Кога патувате во странски земји или на непознати дестинации, хигиената на рацете треба да биде од голема важност, така што вашиот одмор нема да биде уништен поради некакво заразно, а особено цревно заболување. Доколку не можете рацете да ги миете со проточна вода и сапун, користете марамчиња за чистење или средства за дезинфекција.

Што треба да се знае за соковите? Најдобро е тие да се избегнуваат. Ако мислите дека вие или вашето дете не би можело да издржи на прошетката или на патувањето без сок, изберете стопроцентен овошен сок и растворете го, најдобро во сооднос два дела вода на еден дел сок.

Уживајте во вашето патување и во вашиот одмор.          

Лична фабрика со совршен вкус: вградени рерни

HomeMade oблик. Карактеристичната заоблена форма е една од најголемите предности на рерните од Gorenje. Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, таа овозможува топлиот воздух да се движи слободно. Бидејќи храната е рамномерно загреана и од сите страни, секогаш е совршено приготвена: крцкава однадвор и сочна во внатрешноста.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice