Како да се зголеми хранливата вредност на вашата храна - Gorenje

Како да се зголеми хранливата вредност на вашата храна

ХРАНА
18.4.2018

Го купивте најдоброто авокадо, го наполнивте фрижидерот со кељ и складиравте суперхрана. Но дали знаете како најдобро да ги искористите хранливите материи во вашата здрава храна?

1. Колку е пократок патот до вашата маса, толку подобро! Најголема загуба на витамините и на минералите се случува во периодот од бербата на производите до нивното консумирање. Затоа е подобро да се одлучите за храна што се одгледува во вашата околина, и тоа ако не од вашата градина, тогаш од некој фармер во близина.

2. Фрижидер наспроти собна температура? Иако можеби изгледа како побезбеден избор, чувањето на храната во фрижидер не секогаш претставува подобра опција. Доматите, компирите, кромидот и лукот треба да се чуваат на собна температура. Истото важи и за сите тропски плодови, вклучувајќи ги и бананите.

3. Не плашете се од замрзнувачот. Кога знаете дека нема веднаш да ја користите храната, подобро е да ја замрзнете. Замрзнатото овошје и зеленчукот задржуваат

повеќе витамини и минерали отколку ако се оставени на собна температура или во ладилникот. Исто така, ќе ги збогатите вкусовите и здравствените придобивки од свежите билки, ако ги чувате исечкани и замрзнате во коцки за мраз.

4. Варено или сирово? Ако сакате максимално да ја збогатите храната со хранливи материи, треба да научите која храна е подобро се јаде сирова (на пример брокулата или руколата), а која е подобро да се обработува (како аспарагусот, гравот и компирите).

5. Користете ја технологијата. Откако ќе се осигурите дека храната е колку што е можно похранлива, користете ја технологијата. Побарајте фиока за зеленчук опремена со посебно светло и механизам за регулирање на влажноста, која ќе овозможи вашето овошје и зеленчукот да останат свежи подолг временски период и да задржат повеќе минерали и витамини.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Природата отсекогаш го знаела најдобриот начин за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат посвеж воздух.

Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилен дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice