Дали сте расположени за бифтек иако врне надвор? - Gorenje
затвори
...

Дали сте расположени за бифтек иако врне надвор?

ХРАНА
4.6.2019

Дали моменталната ситуација ве држи затворени во домот? Не дозволувајте тоа да ве оддалечи од извонредно искуство - подготовка на скара. За среќа, постојат неколку едноставни начини да уживате во подготовка на скара во домот. Сè што ви треба е индукциска плоча за готвење, сад за готвење кој работи на индукција и малку вкусна храна, се разбира.

Ви го претставуваме индукциското грилање
Откако ќе пробате да подготвите скара на индукција, можеби повеќе нема да се вратите на класична скара, особено ако не ви недостигаат подготовката на оган и чадот што доаѓа со него. Исто така, ќе имате помалку за чистење, во споредба со подготовка на скара надвор. Индукциската плоча работи различно затоа што генерира магнетно поле и го загрева само дното на тавата додека остатокот од површината на плочата за готвење останува ладен и секогаш безбеден за допир. Температурата се прилагодува веднаш, со едноставен допир, правејќи ги сите задачи кои се чувствителни на температура едноставни.

Знаеме дека сега веројатно размислувате, „Но, треба да подготвам повеќе храна!“. Не грижете се, некои индукциски плочи, како што се Gorenje OmniFlex, можат да поврзат две вертикални зони за готвење во една, создавајќи една голема површина за готвење што е доволно за да се смести грил тавата од леано железо.

Совети за најсочниот бифтек:
1. Без разлика каков вид месо ќе подготвите на скара, предлагаме претходно да го маринирате. Бидејќи маслото е основа на секоја маринада, па нема да мора да додадете масло во садот.
2. Извадете го месото од фрижидер пред да готвите за да достигне собна температура. На тој начин месото ќе биде рамномерно печено.
3. Во зависност од видот на месото што го печете, прилагодите ја температурата. Средната температура е соодветна за пилешкото, но бифтекот бара малку посилна температура.
4. Не го препекувајте месото затоа што во спротивно ќе добиете сув бифтек што веројатно никој нема да сака да го јаде. Некои плочи имаат автоматски програми (како што е Gorenje IQgrill) кои ќе ви помогнат да не загори храната и можете да изберете различни нивоа на запеченост.
5. Оставете го бифтекот да се одмори неколку минути пред да започнете да го сечете и да го режете. На овој начин влакната ќе имаат доволно време да рашират и да ги апсорбираат соковите.
6. Ако навистина сакате да ги импресионирате вашите гости, користете стик за sous vide за прво бавно да го зготвите месото на ниска температура, а потоа допржете го во тава. Поради подолгото време на готвење, месото ќе биде совршено зготвено, сочно и меко.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice