Здрава храна за грицкање за заштита на забите на членовите во вашето семејство - Gorenje
затвори
...

Здрава храна за грицкање за заштита на забите на членовите во вашето семејство

ХРАНА
20.8.2019

Колку пати се случило со членовите на вашето семејство во потрага по нешто слатко за јадење? Сигурни сме дека тоа е многу вообичаен случај. Што е со поздравите замени за храната со шеќери што може да ја најдете во супермаркетот? Проверете ја нашата листа за секое семејство, без оглед на вашите кулинарски вештини. Без разлика дали сте љубител на брза храна, ентузијастички кулинарски експерт, имаме идеи кои ќе ве инспирираат. Добар апетит!

Ниво: Приврзаник на брзата храна - можете да забавите за неколку минути?

  • Јатки – секогаш можете да ги складирате на сигурно за итни случаи
  • Свежо овошје - едноставно исечете ги јаболката на кришки и споделете ги со вашите најблиски. ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! За овие топли летни денови, предлагаме разладена лубеница.
  • Суво овошје - суво грозје, брусница, јаболка
  • Свеж зеленчук - само убаво исечете го на мали парчиња колку еден залак

ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Може да смислите и сос за зеленчукот. На пример, здрав путер од бадеми или пире од авокадо, лук, домати, чили пиперки и зачини?

Ниво: Ентузијастички љубител на храна - ќе ви треба малку време ... но вреди

  • Путер од јаболка и кикирики - соберете неколку свежи јаболка и варете ги додека омекнат. Стопете во смесата малку путер од кикиритки и кога таа ќе се излади, намачкајте ја на тост-лепче од цело зрно или користете ја како свеж овошен намаз!
  • Овошен шербет - само измијте го, исечете го и замрзнете го овошјето по ваш избор, а потоа со изблендирајте го. ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Осигурете се блендерот да биде доволно силен за да го блендира и мразот.
  • Домашна лимонада - измешајте заедно вода, свеж сок од лимон и лажица мед. Послужете со парчиња од лимон и со мраз.
  • Пица од лубеница - исечете парчиња лубеница во облик на триаголник и украсете ја со други овошја. Забавата е загарантирана!
  • Овошни ражничи - измешајте го и набоцкајте го овошјето на стапчето како што сакате! Што мислите за шема во боите на виножитото?

Ниво: Експерт во кујна - не затоа што е тешко, но потребно е повеќе време за подготовка

  • Леб од банана - кој не сака вакво нешто?
  • Кекси од таан и мед со сусам - обидете се да го побарате овој рецепт онлајн. Има многу одлични достапни рецепти.
  • Домашен сладолед со вистинско овошје - пресечете го овошјето на мали парчиња и замрзнете ги во течност - може да биде само вода или со здрав кондензиран сок. Можете да експериментирате со забавни форми!
  • Овошно суши - празник за стомакот и за очите! Ако сакате вашето семејство да консумира повеќе овошје, пробајте да направите овошно суши со омилените плодови на вашето семејство. ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Можете да ги подготвите заедно! Колку убав начин да поминете квалитетно време заедно, со слатка награда на крајот.
  • Печена банана - излупете ги бананите, исечете ги на половина, зачинете со малку цимет и неколку капки мед и печете 10-15 минути додека не добијат убава, златна боја

Без разлика дали сакате погодност или креативност во кујната, не е важно. Сè додека отсрце се вложувате во сè што правите за вашето семејство, вашите домашни дефинитивно тоа ќе го ценат. Запомнете - кога се сомневате, може да најдете бесконечен број совети на интернет кои се соодветни за вашето расположение и потреби.

#instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice