5 домашни трикови со употреба на секојдневната храна - Gorenje
затвори
...

5 домашни трикови со употреба на секојдневната храна

ХРАНА
4.6.2019

Еве список на корисни трикови за кои треба сите да знаат. Сите со помош на секојдневната храна и пијалаци што најверојатно ги имаме на дофат!

1. Уморни сте од хемикалиите за чистење на вашата бања? Обидете се да ја испрскате вашата када со свеж грејпфрут и да пропрскате малку сол на дното. Може да го користите остатокот од вашиот грејпфрут како сунѓер за да ја исчистите кадата во секој агол! Ние гарантираме нова када со неверојатен овошен мирис!

2. Скршивте чаша? Ќе бидете изненадени што успева најдобро во овие моменти! Извадете парче бел леб и притискајте со него на површината каде што се случи несреќата. Овој трик ќе  заврши најголем дел од работата со лепење на сите мали остатоци, понекогаш без потреба дури и да се вшмука. Само запомнете дека треба да исечете мошне сунѓересто парче за да не се повредите!

3. Треба да го исчистите вашиот обоен сребрен накит побрзо? Кечапот може да биде одговорот што го барате! Наполнете мала чинија со кечап и ставете го сребрениот накит внатре на неколку минути - не премногу долго. Може исто така да користите мала четка за да достигнете до најмалите агли. Гласините велат дека овој трик ја врши работата поради оцетната киселина што се наоѓа во кечапот.

4. Минерална вода и јајца? Да! Го сакаме овој трик. Додавањето на малку газирана вода во изматените јајца или омлетот ќе ги направи повоздушести. Кој не би го сакал тоа?

5. Вашите домати или авокада зреат премногу бавно? Ставете зрела банана или јаболко во близина - или за подобри резултати, поставете ги заедно во хартиено кесе. Етилен гасот што го произведуваат овие придружни овошја ќе го забрза зреењето во текот на ноќта!

#instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice