Едноставен водич за чистење на фрижидерот - Gorenje
затвори
...

Едноставен водич за чистење на фрижидерот

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
19.2.2018

Кога последен пат сте го исчистиле вашиот фрижидер? Истражувањата покажаа дека не го правиме тоа толку често колку што треба, особено ако земеме во предвид дека во него ја складираме храната. Запуштениот фрижидер не е само непријатен за гледање, туку може да биде и погодно место за создавање на бактерии, кои можат да предизвикаат сериозни заболувања.

1. Направете простор. Извадете ги сите намирници од фрижидерот и извадете ги полиците и фиоките. На тој начин, многу полесно ќе го исчистите фрижидерот  и нема да ја контаминирате вашата храна со детергент.

2. Темелно пребришете го. Исчистете ги сите површини, вклучувајќи ги и кутиите и вдлабнатините со мека крпа користејќи мешавина на топла вода и детергент за миење садови. Не чистете ги пластичните материјали со детергенти кои содржат алкохол.

3. Следете го текот. Исчистете го каналот и отворот за на вода која се создава со одмрзнување на натрупаниот лед. Можете да користите и сламка.

4. Одмрзнете го. Одмрзнете го замрзнувачот секогаш кога ќе се собере мраз кој е подебел од 3-5 mm. Или, во најмала рака, пред фиоките да се замрзнат. Доколку не го сакате одмрзнувањето, размислете да инвестирате во NoFrost фрижидер, кој ви овозможува живот без таложење мраз во замрзнувачот.

5. Превенцијата е клучна. За да бидете сигурни дека вашиот фрижидер останува чист колку што е можно подолго, избришете се што ќе се истури во него што е можно побрзо и секогаш фрлајте ја храната на која ѝ изминал рокот на траење.

Но, не грижете се, тоа не е толку застрашувачко како што изгледа, само следете ги овие 5 чекори.

Без мраз, без проблеми: нема веќе „нафаќање мраз“ со NoFrost комбинираните фрижидери

За уште поедноставно замрзнување на храната, пробајте ги комбинираните NoFrost фрижидери од Gorenje. NoFrost технологијата  не само што ја спречува акумулацијата на мраз врз храната и таложењето на мраз на ѕидовите од внатрешноста на замрзнувачот, туку исто така ја задржува храната во истата форма во која сте ја складирале.

Ова го олеснува наоѓањето на производот што го барате и ѝ овозможува на храната да ги задржи својот квалитет, бојата и аромата додека целосно го користи достапниот простор. Комбинацијата на интензивна циркулација на воздухот и екстракцијата на влажност, исто така, ви заштедува проблеми ако некогаш е потребно одмрзнување и чистење на мразот.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice