Ткаенини погодни за топлите летни денови - Gorenje
затвори
...

Ткаенини погодни за топлите летни денови

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
27.6.2018

Сончевите летни денови едноставно нè повикуваат да поминеме колку што е можно повеќе време на отворено. Но, како да останете разладени на топлото време? Сето тоа зависи од ткаенината што ја носите.

Памук: Најчесто користен природен материјал. Станува збор за мека, апсорбирачка ткаенина, ткаенина што дише, што дозволува воздухот да циркулира, па затоа таа е вистински избор за претстојното лето. Дополнително, брзо се суши и има антиалергиски својства.

Лен: Низ облеката направена од лен кожата лесно дише  и таа има апсорбирачки карактеристики. Нејзина лоша страна е тоа што таа лесно се тутка, па затоа не е многу пригодна за формални пригоди.

Свила: Кожата помалку дише низ оваа ткаенина во споредба со памукот и ленот, но сепак претставува совршен избор за облекување во летните пригоди. Само имајте на ум дека треба избегнувате облека направена од тешка свила.

Вискоза: Некои велат дека вискозата е добра за летото, додека други не ја сакаат поради нејзината синтетичка природа. Без разлика на вашиот избор, тоа е мека, мазна и удобна ткаенина, која убаво ве обвиткува.

Чувајте се од: синтетичките ткаенини, како што се полиестер и најлон. Не практикувајте ткаенини што се отпорни на вода и ќе ве препотат на летната топлина.

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност.

Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice