Овозможете им ВИП третман на вашите алишта (со програмите на Gorenje) - Gorenje
затвори
...

Овозможете им на вашите алишта ВИП третман (со програмите на Gorenje)

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
23.1.2017

Облеката што секојдневно ја користиме има придобивки од специјалниот третман. Има многу ситуации кога и на облеката и на машината за перење им се потребни посебни решенија.

Како да ги зачувате униформите од малата лига во фудбал од лупење? Изберете интензивна програма.

Веднаш изберете ја интензивната програма. Со оваа интензивна специјална програма можете да исперете до 7 килограми многу валкани, а неделикатни ткаенини, на температура до 60°C. Програмата е комбинација од најразличен ритам на перење што на облеката ѝ дава интензивен третман.

Како да бидете сигурни дека вашата облека за тренинг, исто така, останува во форма? Да, за џогинг.

Облеката не е нечиста, само испотена и не треба да се пере на 60°C. Изберете пониска температура и понежно перење. Изберете ја, на пример, специјалната програма Jogging на машините за перење од Gorenje која пере на 40°C и врти со 1000 вртежи. Значи вашата облека и животната средина може да останат во форма.

Како да ја исперете облеката за чудовишта и за принцези?

Можете да направите две работи. Подредете ги алиштата по боја и според ткаенината, што генерално ви препорачуваме. Или, побрзо средувајте го купот алишта со користење на специјалната микс програма. Може да исперете до 7 килограми различни ткаенини во иста боја на 30°C. Дури и деликатни ткаенини, како што се вискоза или други синтетички материјали, може да се мешаат со памук.

Како да не го жртвувате денот за шопинг поради денот посветен на пеглање? Изберете олеснето пеглање.

Можете да изберете специјална програма која додава повеќе вода и пере со пониска центрифугална брзина со првата и последна центрифуга, така што алиштата не се згужвани и истуткани. На пример, програмата permanent press. Користете ја и пеглајте помалку. Наместо тоа, може да излезете со вашите пријатели.

Како доверливо да им ги препуштите алиштата за перење на тинејџерите? Поставете однапред и бидете безгрижни.

Дури и најрасеаниот зомби-тинејџер може да се погрижи за перењето - само треба да одберат една од претходно поставените програми од страна на мама или тато, како што се: „перење по забава“, „хокеј-перење“ или „перење по фестивал“. Овде може да креирате ваши сопствени програми и да ги зачувате за подоцнежна употреба. Така што, Вашата, не толку мала, миличка може едноставно да ја стави облеката во машина, да и текне што треба да направи и да притисне на копчето за соодветната програма.

Како да го минимизирате ризикот за појава на алергии во вашето семејство? Повеќе вода, помалку пена.

За жал, алергиите се мошне чести. И една од причините е преголемата доза на детергент кога се пере. Детергентот останува во облеката откако циклусот ќе заврши. Затоа користете ја точната доза како што е наведено на пакувањето - не повеќе! Или набавете си машина за перење која ќе ја поправи штетата за вас. Сите машини за перење од Gorenje имаат дополнителни карактеристики за чувствителните и за оние кои се алергични на детергенти. Една од нив е контролирањето на пената што го следи количеството на пена. Ако има премногу пена, машината автоматски плакне дополнително три пати.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice