Нов тренд: Апаратите за домаќинството, два во едно или три во едно, ќе ви заштедат простор, време и пари! - Gorenje
затвори
...

Нов тренд: Апаратите за домаќинството, два во едно или три во едно, ќе ви заштедат простор, време и пари!

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
4.11.2020

Бројни апарати за домаќинство се користат во едно типично домаќинство, бидејќи ни помагаат при готвење, чистење и чување на храната. Но, ако имате помалку уреди што можат да ги извршуваат истите, па дури и повеќе функции, тоа може да биде корисно на многу начини – ви заштедува простор, време и пари.

Ако живеете во мал стан, просторот е примарен. Користењето апарати за домаќинство кои исполнуваат многу улоги, може да ви заштеди многу – не само простор туку и време и пари. Дури и ако имате многу простор во вашата кујна и во другите простории, користењето апарати за домаќинството два во еден, па дури и три во еден, сепак има многу смисла. Ајде да ги провериме.

Комбиниран фрижидер

Повеќето домаќинства имаат одделен фрижидер со вграден замрзнувач. Ова е многу корисно бидејќи ни помага да ја сочуваме храната на пократки и подолги периоди. Комбинираните фрижидери на Gorenje од линијата GardenFresh одат подалеку во овој сегмент, бидејќи тие имаат погодни фиоки наречени Convert FreshZone кои едноставно се претвораат од фиока за риба и за месо во фиока за овошје и зеленчук, за да можете лесно да ги соберете сите ваши свежи производи. Благодарение на иновативно дизајнираната и сјајна мазна внатрешна обвивка, комбинираните фрижидери на Gorenje се исто така лесни за чистење, обезбедувајќи вашата храна да остане здрава и безбедна. И бидејќи фрижидерот и замрзнувачот се споени во еден уред, ова исто така помага сметката за потрошената електрична енергија да биде пониска. Дополнително, во случај на подолго отсуство, фрижидерот може да се постави да работи во режим на заштеда на енергија бидејќи вратата е затворена цело време, обезбедувајќи уште поголема заштеда на енергијата.

Плоча за готвење со интегриран кујнски аспиратор

Потоа, тука е решението за плоча за готвење со интегриран кујнски аспиратор. OmniFlex плочата за готвење со интегриран кујнски аспиратор на Gorenje ви ја дава целата слобода што ви е потребна за да создадете исклучителни јадења инспирирани од вашиот стил и вкус. Интегрираниот аспиратор значи дека не треба да се грижите за просторот за аспиратор, ослободувајќи ве да ја поставите плочата за готвење каде било во кујната, додека огромен број карактеристики што ја поедноставуваат вашата интеракција со површината за готвење значи дека сте вистински во можност да уживате поголема слобода додека готвите. Бидејќи аспираторот не треба да се поставува над плочата за готвење, добивате дополнителен простор за други реквизити и тави. Или максимален простор за да стоите без да ви виси нешто над глава ако тоа е она што го барате – никој не сака да удира со глава во кујнски аспиратор, нели?

Понатаму, минималистичкиот дизајн на овој апарат го прави вистински привлечен за око. Елегантниот и модерен стил со потполно рамна површина, вклопен со висококвалитетните материјали, особено клапните за аспираторот од нерѓосувачки челик и црнополиран површински слој на целата плоча, прават тој да биде забележителен во секоја кујна.

Комбинирана машина за перење и за сушење алишта

Немате посебна просторија за перење или таа е премногу мала за да имате машина за перење и за сушење? Тогаш комбинираната машина за перење и за сушење е совршено решение бидејќи овозможува максимална ефикасност при перењето во мали простори. Бидејќи машините за перење и за сушење традиционално трошат повеќе енергија, не заборавајте да изберете модел со ефикасен инвертер-мотор, како инвертер PowerDrive моторот на Gorenje. Инвертер-моторот на Gorenje е енергетски ефикасен, издржлив и има пониско ниво на бучава, па затоа вреди да се инвестира во него.                                                                

Современите комбинирани машини за перење и за сушење алишта нудат бројни практични карактеристики за поедноставување на животот и за заштеда на времето. Новата генерација комбинирани машини за перење и за сушење алишта на Gorenje е ергономски дизајнирана и е многу лесна за употреба поради големиот екран и опцијата JoggerDial, што обезбедува брз избор на програми за перење. Можете да изберете помеѓу 10 програми за перење, 3 за сушење и 5 комбинирани програми, кои можете лесно да ги приспособите кон потребите преку практичната контролна табла на допир. Со 60-минутната програма за перење и сушење алишта на Gorenje можете да исперете и да исушите до 1 кг алишта за само еден час. И благодарение на иновативно дизајнираниот резервоар за детергент, каде што во предниот дел е сместен одделот за омекнувач, можете да заборавите на истурање кога ќе турите повеќе отколку што е потребно.

Рерна три во едно

Да, решенија два во едно и двоен режим на греење, најчесто се опциите кои се потребни во кујните ширум целиот свет. Комбинирањето на моќноста на рерната и на плочата за готвење и користењето на извор на гас и на електрична енергија, ги обезбедува (скоро) сите можности за готвење што ви се потребни во вашата кујна и на вашите вештини. Но, има уште што може да се стори – влезете во светот на рерната три во едно од Gorenje.

Целосно новата рерна MultiFlex обезбедува три режими на готвење – топлина, микробранова печка и пареа. Комбинирана во една едноставна рерна и различни приспособени и претходно поставени програми за готвење за избор, новата рерна три во едно е сè што ви треба за да создадете јадења што одговараат на вашите расположенија, вкусови и желби.                                

Рерните на Gorenje, исто така, обезбедуваат целосно автоматска програма за готвење со над 80 рецепти за избор, што е идеално за почетници. Тајната на автоматскиот режим е прилично едноставна – сите параметри, како што се: времето, температурата, грејачите, се поставуваат автоматски. Сè што треба да стори корисникот е да избере тип и тежина на садот и да притисне „почеток“ или „старт“. Моќната рерна што ја отелотворува функционалноста на конвекцијата, пареата и микробрановите печки ќе го сторат останатото.

Кујнски робот

Го зачувавме најдоброто за крај. Роботите не се неопходни само во една фабрика, тие се прилично практични и во кујната. Дали знаевте дека една просечна домаќинка троши 253 минути неделно во кујната готвејќи јадења? Да, готвењето е една од обврските што одзема многу време. Кога времето е од суштинско значење, кујнскиот робот ќе ви овозможи да ги завршите своите задачи во најкус можен рок. Таквата автоматизирана машина наменета за в кујна, ќе заштеди време и енергија додека дава исклучителни резултати. Gorenje има токму таков совршен помошник за вас.

Опремен со повеќе делови за преработка, роботот на Gorenje е на висина на која било кујнска обврска. Може да меша, да мати и да меси. Кука за тесто, додаток за матење и рамен прибор за прицврстување, за подготвување за сите ваши потреби во текот на печењето. Додека деловите за тапкање прават воздушест ефект, удираат, мешаат, маталката се користи за да размати сè што треба да биде лесно и меко. Главата на мешалката орбитрира околу садот, додека тапкалката се врти во спротивна насока за темелно мешање на состојките без употреба на рацете. Двонасочното дејство на ротирачкото мешање гарантира создавање на совршено хомогена смеса. 

Кујнскиот робот ќе ви даде постојаност – еден од најпознатите недостатоци во домот, како и при готвењето во ресторан – и ќе ви овозможи да спроведувате похигиенски процедури. И не грижете се, кујнскиот робот не претставува закана за вас бидејќи го прави само она за што е програмиран да го прави – исто така нема да погреши ништо. Тоа е помошник в кујна на кој секогаш можете да се потпрете.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice