Како да го складирате вашето омилено овошје и зеленчук - Gorenje
затвори
...

Како да го складирате вашето омилено овошје и зеленчук

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
9.8.2021

Летото е пред збогување со своите дарови, главно со изобилството овошје и зеленчук, но тоа не е причина да страдате по скапоцените витамини и минерали во текот на следните месеци. Со малку напор и со веќе испробани домашни рецепти, може да се осигурите дека полиците од шпајзот и на фрижидерот ќе ве воодушеват со разновидниот избор на храна дури и за време на зимата.

За да подготвите и да чувате некое јадење, треба да знаете само неколку трикови и мали тајни кои ќе ви овозможат ефикасно да складирате сè што срцето ви посакува. Еве како ние го правиме тоа.

Локалното е (обично) здраво

Експанзијата во глобалната трговија и во комерцијалата нè расипа. Дури и среде зима, на полиците во продавниците можеме да најдеме јагоди или домати од другата страна на светот. Сепак, со глобалните ограничувања предизвикани од пандемијата и од можностите на логистиката, сè повеќе луѓе стануваат свесни за важноста на локално и сезонски одгледуваната храна. За да се одржи добро здравје, многу е пожелно да се јаде храна што расте близу до домот. И уживајте во посебниот шарм на четирите годишни времиња кои секогаш ве послужуваат со нешто ново.

За да си зачувате – замрзнете си

Дали ги знаете сите придобивки од замрзнувањето на храната? Постојат многу начини да уживате во локалните деликатеси дури и во зима, меѓу кои замрзнувањето сигурно се рангира на самиот врв во однос на одржувањето на квалитетот на храната. Тоа е еден од најбезбедните начини за чување храна, бидејќи бактериите не можат да се размножуваат на замрзнатата храна, а во исто време се спречува природниот процес на распаѓање. Можете да ги замрзнете практично сите видови храна, со некои исклучоци како што се зелена салата, домати, краставици, итн., кои не е добри да се замрзнуваат (или на пример, квалитетот притоа се губи). Храната што е замрзната на –18°C или на пониска температура може да се користи безбедно многу долго време. На овој начин можете да бидете сигурни дека здравите закуски ви се при рака сè до пролетта.

Замрзнатата храна има повеќе витамин Ц

Замрзнатиот зеленчук може да биде уште пополн со витамини од класичниот свежо набран зеленчук од продавницата, особено ако го замрзнете веднаш по бербата кога сè уште ги содржат сите хранливи состојки. Различни студии дури покажаа дека замрзнатиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц отколку храната што се наоѓа на полиците во продавниците или во фрижидерот, на пример, свежиот спанаќ губи дури 77% од  витаминот Ц за само два дена.

Абецеда на замрзнувањето на храната

Замрзнувањето на храната има свои правила и закони. Вие треба да замрзнувате само оладени состојки и јадења. Исто така, подобро е да замрзнете неколку помали рамни пакувања со храна отколку едно големо. Проверете вреќата со спакувана храна да не пропушта воздух. Истиснете го воздухот од неа, а потоа цврсто затворете ја. Исто така, добра идеја е да ги покриете капаците на пакувањето, кои не се запечатуваат добро, со леплива лента.

Пакуваната храна прво треба да се стави во фрижидер да стои одредено време и дури потоа длабоко да се замрзне. Кога ставате храна во замрзнувачот, ставете ја на таков начин така што пакувањата да не се допираат едни со други (ако е можно). Ако поставите нови (со намера да бидат замрзнати) пакувања на веќе замрзнатите пакувања со храна, ова ќе ја забави циркулацијата на воздухот и процесот на замрзнување, па затоа е најдобро тоа да се избегнува. Пакувањата со храна може да се поставуваат едно врз друго само по истекот на 24 часа; што значи кога тие се веќе длабоко замрзнати. Исто така е важно да не се замрзнува повторно делумно и целосно одмрзнатата храна.

Добијте го најдобриот помошник во замрзнувачот

Замрзнувањето на храната може многу да се олесни со квалитетен замрзнувач, кој со својот капацитет обезбедува брзо замрзнување, а со доволен волумен и со повеќе фиоки и полици, ви овозможува уредно да ја организирате храната. На овој начин секогаш можете да имате при рака сè што ви треба. Препорачуваме да ја обележувате храната со месецот и годината на замрзнување, така што резервите на храна секогаш ќе бидат видливо распределени и вие ќе знаете точно што прво да консумирате.

При изборот на замрзнувач, многу е важно да го ставите квалитетот на прво место, бидејќи покрај функционалноста, ќе обезбедите и многу лесно одржување. Фрижидерите на Горење со замрзнувачи и со комори за ладење со функција за брзо замрзнување ќе ве радуваат со години.

Да се ​​избере вистинскиот фрижидер е голема одлука. Можеби сакате таков што ќе ја одржува храната свежа подолго, таков што ќе се приспособува на вас и на вашите потреби. Со напредни одлики што обезбедуваат свежина за вашите потреби,фрижидерите на Горење од линијата GardenFresh претставуваат одличен избор.

GardenFresh комбинирани фрижидери. Вистинскиот за тебе.

Изборот на нов фрижидер е голем чекор. Потребен ви е вистинскиот, кој долго време ќе ја одржи храната свежа и ќе се прилагоди на сите ваши потреби. Со напредните функции кои ќе осигурат свежина и кои ги следат вашите потреби, GardenFresh е вистинскиот избор.

  • AdaptTech - ја прилагодува температурата според вашите навики и ја продолжува свежината на храната
  • IonAir со MultiFlow 360° - јонизиран воздух кој ги отстранува несаканите мириси и ја одржува храната во совршена состојба
  • Convert FreshZone - оваа корисна фиока лесно се трансформира од фиока за риба и месо во фиока за овошје и зеленчук, така што овошјето и зеленчукот остануваат свежи.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice
Месечни акции и промоции
Месечни акции и промоции