Како да го избегнете пеглањето: испробани и тестирани совети - Gorenje
затвори
...

Како да се избегне пеглањето: испробани и тестирани совети

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
24.9.2018

Не го читајте овој пост ако сакате пеглање! Сѐ уште читате? Добро, еве 5 испробани и тестирани совети кои ќе ви помогнат да го намалите времето што го поминувате правејќи ја оваа мачна работа. Повелете.

1. Користете коцки мраз. Ставете ја истутканата облека во машината за сушење алишта заедно со неколку коцки мраз. Поставете ја машината за сушење алишта на најжешката програма што може да ја издржат вашите алишта и пуштете ја на 15 минути. Пареата од коцките мраз што се топат ќе помогне лесно и брзо да се ослободите од наборите. Или изберете машина за сушење алишта со технологија на пареа која не само што ги измазнува влакната туку и ги елиминира алергените.

2. Не ја преполнувајте машината за перење. Да бидеме искрени, сите сме го направиле тоа. Без оглед на причината, резултатот не е баш секогаш совршен. Може

да откриете дека дамките не се отстранети и облеката излегла сета испреплеткана или дури и оштетена. За да го избегнете ова, секогаш проверувајте дали има доволно простор во машината за перење на облеката.

3. Протресете ја облеката по перењето. Потоа закачете ја правилно. За да ги избегнете отпечатоците од штипките што бараат да се испеглаат, обесете ја облеката од страната каде што се наоѓа најцврстиот дел од ткаенината.

4. Туширањето нека трае подолго. Немате време за пеглање? Само закачете го она што сакавте да го носите во бањата и додека се туширате со жешка вода, оставете пареата да ја направи својата магија. Може исто така да го наполните шишето со прскалка со вода, да ја испрскате истутканата облека и да ја закачите или да ја поставите на рамна површина. Наборите ќе исчезнат додека да се исуши водата.

5. Елиминирајте. Вашата баба можеби ќе се намурти на оваа идеја, но размислете за тоа кои предмети навистина треба да се пеглаат. Кошулата што ја носите на работа? Дефинитивно! Крпи и постелнина? Не е неопходно. Елиминирањето на некои предмети на овој начин може да ви заштеди часови пеглање.

6. Направете го пеглањето забавно. Понекогаш едноставно не можете да ја избегнете страшната пегла, но барем можете да го направите пеглањето колку што е можно попријатно. Запалете мирисна свеќа, сипете си чаша вино и вклучете го омиленото шоу. Купот алишта ќе исчезне порано отколку што мислите.

Пеглите од Gorenje овозможуваат оптимално лизгање по површината на секаков вид ткаенина и одлични резултати од пеглањето. Ако имате проблеми со гужвање, решете ги со пеглање со јони. Пеглите на пареа од Gorenje се опремени со алуминиумска подлога со керамички слој збогатен со кристали од турмалин.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice