9 догми за перењето - Gorenje
затвори
...

9 догми за перењето

ДОМАШНИ ОБВРСКИ
14.1.2017

1. Сортирајте правилно. И по температурата (облеката треба да се пере на температура наведена на етикетата за нега) и по боја (темната, светлообоената и разнобојната облека треба да се пере одделно).

2. Намалете го купот алишта за перење. Зошто да ја ставите облеката во машината за перење, ако можете да ја исчистите веднаш. На пример: отстранете ја сувата нечистотија од кал со четка за облека, измијте ја калта и извадете ја нечистотијата од водоотпорниот материјал со влажна крпа, како и од воздушестата волна и од другата деликатна облека, на самата работна површина на која ги селектирате алиштата.

3. Свртете ги однатре, испразнете ги и закопчајте ги. Волната, плетеното, велурот и фармерките секогаш треба да се перат однатре. Секогаш испразнете ги џебовите. И секогаш закопчете ги патентите и затворете ги нитните.

4. Перете на ниски температури. Обоените алишта на 40°C и белите на 60°C. Кога перете на најниска можна температура, штедите електрична енергија.

5. Изберете детергенти со еко ознака. Избегнувајте омекнувачи на ткаенини и детергенти со парфем, додадени бои и оптички осветлувачи.

Облеката и понатаму ќе биде чиста без овие супстанции што влијаат штетно врз животната средина. Кога ќе одберете еколошки означени детергенти и кога ќе ги елиминирате омекнувачите на ткаенината и хлорот, го намалувате испуштањето на супстанции во водата што се токсични за животните и за растенијата. Сите детергенти и омекнувачи на ткаенината, што ги користите, завршуваат во природата.

6. Точна доза. Тврдоста на водата треба да ја одреди правилната доза. Прашајте ги локалните водоводни претпријатија или општинските власти. Облеката не се чисти затоа што великодушно употребувате детергент и омекнувач на ткаенината. Напротив, ја загадувате животната средина и го зголемувате ризикот од алергии во семејството, бидејќи сапунот останува на облеката. Затоа, проверете го пакувањето на детергентот. Ќе видите колку детергент е потребен за перење на одредена количина облека.

7. Наполнете ја машината и прескокнете го претперењето. Ќе заштедите вода. Ова е неопходно, бидејќи има поголема потрошувачка на вода во поголемиот дел од Европа. Колку повеќе вода користиме толку помалку ја има во природата (потоци и мочуришта). Ние користиме околу сто литри вода по човек. Водата што ја пуштаме во канализацијата мора да помине низ систем за чистење на водата пред да може повторно да се користи. Трошењето на вода, исто така, е губење енергија.

8. Одбегнувајте го хлорот. Ако сакате да ја избелувате облеката, тогаш изберете производи со натриум перкарбонат наместо со хлор.

9. Спречете го оштетувањето од топлина. Лесно е да се направи дупка при пеглањето кај деликатната ткаенина, ако вашата пегла е премногу жешка. Затоа не правете го тоа. Погледнете ја етикетата за нега на облеката пред да почнете со пеглањето. Дури и ако на облеката има украсни топчиња или врежани дизајни, сепак можете да ја испеглате - украсите ќе ги заштитите со пеглање на облеката однатре.

WaveActive машините за перење од Gorenje се направени за да се стави крај на валканата работа на ефективен, лесен и еколошки начин.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:

  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice