Преуредување на кујната: Напред ретро! - Gorenje
затвори
...

Преуредување на кујната: Напред ретро!

ДОМ
2.1.2017

Кујната, најчесто, претставува најпредвидливото место во куќата, но тоа не мора да биде токму така. Сепак таа е срце на домот, место каде што се создаваат спомените. Бидејќи таму поминуваме значителен дел од нашето време, кујната треба, покрај тоа што ги надминува чувствата на бездомност, да ги рефлектира нашите внатрешни чувства за стил. Креирањето на кујна што зрачи со индивидуалност не само што претставува дел од оригиналноста, туку исто така му дава карактер на целиот дом.

Ретро стил е во мода: инспирација од средината на векот во вашата кујна

Ако настојувате да го проширите декорот на вашата кујна надвор од вообичаените класични и сјајни делови, треба да се обидете да го вклучите чувството за ретро-стил. Ретро ентериерите, инспирирани од 50-тите и 60-тите, даваат уникатен и привлечен стил и повторно се многу модерен и баран тренд во дизајнот на ентериерот. Сепак, тој се карактеризира со задебелени обрасци и вонредни бои. Можеби нема да се одлучите да го уредите домот целосно во ретро стил, но можете да додадете само еден допир на неговиот шарм во внатрешноста на кујната - изборот е ваш!

Прочитајте ги советите подолу и научете како да го рекреирате ретро изгледот на иконската средина од векот во вашата кујна.

1. Комбинации на бои

Прво правило: осмелете се! Бојата е основа на собата, затоа одвојте време и размислете за тоа кои шеми на бои најдобро ќе се вклопат во ретро-инспирираната кујна. Комбинирајте со црно-бело, меки пастели, како бебе сина и беж, и похрабри бои, како што се црвена, авокадо зелена, портокалова, синап-жолта, тиркизна, топла розова и сива боја.

2. Нагласени модели

Едноставни, повторувачки геометриски форми и мотиви, како што се прибор за јадење, животни и овошје, во комбинација со задебелени и понекогаш контрастни бои, се епитоми на иконичните ретро-дизајни. Вклучете ги во умерени количини, на ѕидовите на кујната или на други елементи, како што се плочки, перници, чаршави или осветлување.

3. Графички елементи и уметнички нотки

Една едноставна задебелена графика или уметничка творба инспирирана во поп-арт се одлични начини да додадете малку ретро шарм на инаку модерниот ентериер. Определете се за голема уметничка творба, ако сакате да создадете драматичен визуелен ефект.

4. Современи рекреации на ретро апартите

Кујната треба да биде исто толку убава колку што е и функционална. Опремете ја со модерни рекреации на ретро апаратите, со карактеристики на современата технологија и со ретро изглед. Кога ќе ги избирате вашите омилени парчиња во ретро стил, барајте светли бои и заоблени рабови кои ќе ѝ дадат на вашата соба оригинална ретро нота.

5. Иконични ретро дизајнирани парчиња

Преземете уште еден чекор понатаму за вашиот ретро ентериер и оддадете им вистинска почит на средните децении од овој век преку вметнувањето на иконично дизајнирани парчиња во вашата кујна. Издвојте се од толпата со ламба во романтичен стил или вратете се во времето со „мангупски“ фрижидер и трпезариски барски столови од 50-тите години. Подготвени сте дури и за еден похрабар потег? Додадете неонски знак што трепка! Уживајте во ретро стил со  специјалната ретро серија на фрижидери од Gorenje.   

Специјалната ретро колекција на фрижидери од Gorenje, моделирани според легендарното Волксваген возило Т1 од 50-тите, уште познато под името „Були“, несомнено ќе побуди сеќавање на таа деценија со својата пастелна сина боја или со бордо-црвените бои и со мазните, заоблени рабови. Покрај тоа што на вашиот дом ќе му даде ретро нота, тој ќе го освои вашето срце со својата практичност и со најновата технологија, правејќи го овој фрижидер неопходен дел во составот на вашата кујна.   

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice