Организирајте се – на вистински начин - Gorenje
затвори
...

Организирајте се – на вистински начин

ДОМ
10.9.2021

Без разлика што располагаме со 1.440 минути секој ден, честопати изгледа дека ни недостасува време. Организирањето е начин да добиеме малку повеќе драгоцено време, растоварување и уживање во животот.

Слоганот на Горење за поедноставен живот се состои во организирање, извршување на работите и уживање во животот. Со еден тон обврски поврзани со работата, со деца што трчаат наоколу, како и со домаќинството и со брачниот другар кому исто така му треба внимание, животот наликува на сѐ освен на едноставност. Организирањето во таква стандардно хаотична средина може да звучи како прилично застрашувачка задача, но не правете грешка: може да се постигне. Еве како тоа го прават организираните луѓе.

Растоварете ги од стрес вашиот дом и семејниот живот

Прво првите работи. Управување со времето. Еднаш кога ќе ја преземете контролата врз вашето време и начинот како го трошите времето, веднаш ќе се почувствувате помалку преоптоварени и помалку под стрес. Почнете од малите нешта: направете распоред на дневните активности и определете си термини и за слободно време.

Потоа, сѐ е поврзано со фокусот. Држете се до вашиот план и не дозволувајте ниту еден мал проблем да ве исфрли од колосек.

Чистење на домаќинството

Исто така, ова помага да се почне од чиста подлога. Гуруата за организиран живот советуваат систематски да поминувате низ вашето домаќинство. Фрлете ги или донирајте ги предметите што не ги користите. „Ве слушаме“, полесно е да се каже отколку да се стори. Но, бидејќи најтешкиот дел е да се почне со планот, вие ќе го надминете овој период доволно брзо. Мислата е таа што надвиснува, штом ќе почнете и ќе завршите со чистењето, ќе почувствувате големо олеснување и ќе заклучите дека вреди да се вложи напор. На овој начин, исто така, ќе постигнете драгоцен простор правилно да го организирате вашиот нов начин на живот.

Не знаете од каде да почнете? Направете список и бидете конкретни. Распределете ги застрашувачките задачи на повеќе податливи сегменти. Борете се со нив едно по едно. Можеби прво ќе почнете со една од помалите области, бидејќи новооткриениот ред ќе ве навлече и ќе ве мотивира. Додека чистите и проверувате, разгледајте го секое парче и одлучете дали ќе го чувате или ќе го фрлите. И размислете добро пред да одлучите сѐ да зачувате – ако не се одлучите да ја зачувате надраснатата детска облека за братчето или за сестричката, донирајте ја. Сигурни сме дека имате неколку тони предмети што само врескаат да завршат во вашиот локален центар за донации или во центарот за рециклирање.

Пред да почнете со сортирање на (помали и полесни) работите, земете четири кутии – една за работи што ќе ги исфрлите, една за оние што ќе ги подарите или ќе ги донирате, една за работи што ќе ги чувате и една за предмети што треба да се преместат, односно да се однесат на друго место. Ставете сѐ онаму каде што мислите дека припаѓа, од секоја соба во соодветната кутија, така што на крајот ништо да не остане надвор од кутијата. Некои работи може да ви одземат многу часови, денови или недели, но, на крајот, ќе го постигнете саканиот ефект. Бидете храбри!

Додека го чистите вашиот дом, обидете се да го користите правилото 12-12-12. Ова значи да изберете 12 предмети што ќе ги исфрлите, 12 работи што ќе ги донирате, 12 работи што ќе ги вратите на вистинското место, каде што не биле поставени веќе неколку дена – под креветот, во дневната соба, во фрижидерот... Ова е, исто така, одличен начин да ги вклучите членовите на вашето семејство во уредувањето на вашиот дом. Уште подобро – организирајте натпревар кој прв ќе собере 36 работи од кои треба колку што е можно поскоро да се ослободите.

Снабдување со производи – само неопходни работи

Откако ќе го преуредите вашето домаќинство, време е да почнете со снабдување. Само со најважните работи. Овие се предметите што треба да ги имате при рака кога ви се потребни, како што се различни предмети за домаќинството (крпи, тоалетна хартија, средства за чистење итн.), канцелариски материјали (пенкала, пликови, хартија, мастило за печатач, печати итн.) и тоалетни производи (сапун, течност за миење тело, паста за заби, електрични глави за четки за заби, шампон, производи за коса, брич, крем за бричење, итн.). Да се ​​имаат на дофат основни лекови и некои медицински помагала во близина е, исто така, добра работа.

Потоа, тука се кујнските ормани и фрижидерот. Во секој случај, снабдете ги со производи што не се расипуваат како житарки и производи за грицкање, не заборавајте на вашата омилена храна за замрзнување. Овие таканаречени совети за реупотреба, исто така, можат да ви помогнат да ја организирате вашата кујна.

Сѐ да биде на место

Нештата што на крајот одлучивте да ги задржите треба да бидат на логични места врз основа на тоа како и колку често се користат. Навистина, спротивставете ѝ се на желбата само да ги плеснете онаму каде што сте ги нашле. Размислете колку често ги користите предметите – дали е тоа нешто што го користите скоро секој ден и треба да биде лесно достапно или е нешто што не го користите често и може да се чува на понедостапни места.

Откако ќе вложите многу напор во воспоставувањето на редот, следната задача на сите вас е да го одржувате. Само држете се до ова исклучително едноставно правило: ставете ги предметите на определеното место веднаш по нивното користење.

Реорганизирање

Што? Да, добро прочитавте. Експертите сугерираат да си определите време за реорганизирање и расчистување во вашиот календар. Може да биде неделна, двонеделна или месечна обврска. Направете го тоа како семејна работа, така што секој ќе се зафати да ја заврши работата побрзо. Добра идеја е да се делегираат задачи за чистење и организирање – да, дури и доколку децата можеби некако ги одржуваат (донекаде) чисти и уредни собата за спиење и собата за играње. Исто така, помагаат и табелата за обврски и другите визуелни потсетници – залепете ги на фрижидерот.

Да се има список со обврски што треба да се сработат/список на дневни обврски

Добра идеја е да водите список со задачи. На овој начин можете да го следите секојдневниот напредок и да се организирате. Може, исто така, да додадете дополнителна колона – наречена денес – на списокот. Дневната колона треба да ги содржи само специфичните работи што треба да ги постигнете токму тој ден и со добра причина. На крајот на денот, ќе се чувствувате како успешно да ги завршивте своите задачи, наместо да останете со една несработена бескрајна листа.

А што да се прави со оброците?

Да, готвењето, па дури и подготовката за оваа активност одзема многу време. А потребно е многу работа. Барањето рецепти, купувањето намирници, подготовката и готвењето бараат време – никој не сака ова да стане уште една стресна задача. Решение? Планирање секој оброк!

Планирањето на оброците ќе ви се врати повеќекратно, „со лопати“. Со трошење малку време однапред, ќе си овозможите да ги планирате оброците на неделна основа. На тој начин треба само да појдете во продавница, да ги подготвите и да ги приготвите оброците неколку дена однапред. Сигурно ова ви изгледа како страшна мисла, но ќе заштедите многу време со планирањето на оброците. Проверете го вашиот календар, разгледајте го вашиот распоред и изгответе временска рамка што можете да ја користите за подготовка на неделните оброци.

Дури и едноставната задача при подготвувањето на еден оброк, по трчањето в продавница по намирници – на пример, миењето и сечкањето на зеленчукот на мали парчиња – ќе ви заштеди многу време.

Ние ќе ве известиме за една мала тајна на кујната – исто така можете да ги испланирате остатоците од храната. Ако ги удвоите количините на некои рецепти, ќе ви останат остатоци што можете да ги замрзнете за некои идни вечерни часови без готвење. Што велите за тоа? Само осигурајте се дека имате замрзнувач со доволно простор за секакви деликатеси.

Перење алишта

Сѐ што е напишано претходно, важи и за перењето алишта. Направете план, список ако е потребно. Размислете колку алишта обично перете неделно и кога би било најдобро време за перење на алиштата. Тоа е толку едноставно. Имаме дури и неколку професионални совети за тоа која машина за перење е најдобра за вас.

Најновите машини за перење алишта на Gorenje се прашање на убавина и ефикасност. Тие содржат широк опсег на опции за брзо перење (буквално наречени FastWashing) кои ќе ја освежат вашата облека за околу четвртина час.

Ние исто така разбираме дека перењето на облеката е лесниот дел. Токму пеглањето бара и одзема многу време. Сепак, со машините за сушење на Gorenje што се базираат на работата на топлотна пумпа, ви се заканува уште едно уживање: најтрендовско сушење.

Опремени се со програми приспособени на брзиот начин на живот кои обезбедуваат минимална потреба од пеглање. Немате време веднаш да ја испразните машината за сушење? WaveActive машините за сушење периодично ќе го тркалаат полнежот на алишта во текот на цели три часа откако ќе заврши циклусот и ќе го спречат непотребното туткање на  алиштата (функција AntiCrease).

Затоа што времето има значење

(Времето за) Семејството е важно. Времето има значење. Престојувањето во домот додека работите со полно работно време и поучувањето на децата во домот, додека исто така се занимавате со извршување на домашните работи и со приготвување здрави оброци, е неверојатно тежок начин на живот. Сепак, организирајте се и ќе успеете во сите тие улоги. И одделете си малку време за себе.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за сушење од Gorenje се направени за да се заврши работата на ефективен, лесен и еколошки начин. WaveActive машините за сушење користат напредни технологии за супериорни резултати на сушење:

  • Програми дизајнирани да ги освежат влакната на алиштата за да ги омекнат и да ги намалат наборите.
  • IonTech кој го исполнува воздухот со негативно наелектризирани јони кои ќе ги отстранат најголемиот дел од алергените и бактериите.
  • SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа за многу помеки алишта.

Сите WaveActive машини исполнуваат високи еколошки стандарди и се карактеризираат со енергетска ефикасност до максимум A +++ -10% енергетска класа. Уживајте во омилените работи. Оставете ни го перењето алишта нам.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice