Краток водич за совршено организиран плакар - Gorenje
затвори
...

Краток водич за совршено организиран плакар

ДОМ
23.8.2018

Неуредниот плакар може целосно да го уништи вашето утро. Да се најде нешто што треба да се облече меѓу купот облека, кога брзате или веќе доцните и сте под стрес, може да го претвори прекрасното утро во вистинска катастрофа, само за неколку минути. Затоа, чистиот и организиран плакар звучи како навистина добра идеја. Но, од каде да се почне? Овие пет чекори ќе ве однесат до уреден плакар од рајот!

1. Извадете сѐ од плакарот надвор. Да, секое парче облека! На овој начин, ќе дознаете колку навистина имате и што навистина облекувате. Општото правило вели дека ако не сте го носеле цела година, излегува од плакар. Ако не можете да бидете толку решителни, тука се и неколку други критериуми кои ќе ви помогнат да одлучите.

2. Ставете ја вашата шапка за сортирање. Сега, кога ви остана само облеката што навистина ја носите, можете да почнете да ја организирате. Постојат неколку начини да го направите ова, а најчесто луѓето ја организираат според типот: одделете ги вашите панталони, блузи, маици, здолништа и фустани. Може исто така да ја одделите вашата облека за на работа од секојдневната или според тоа колку често ја носите.

3. Закачете колку што е можно повеќе облека. Ова ќе ви олесни да го пронајдете она што го барате и да заштедите дополнителен простор. Со закачувањето според сличноста на боите, може полесно да ја сортирате вашата облека.

4. Организирајте ги фиоките. Чувајте помали предмети како долна облека и чорапи организирани со класери за фиоки и кутии. Здиплената облека, на пример, маиците, ќе биде полесно да ги најдете, ако ги поставите исправено.

5. Сè да биде на свое место. Ако сакате да го одржите вашиот плакар организиран, ќе треба да се заложите да ставите сè назад, онаму каде што припаѓа, откако ќе го користите. Но, не грижете се, враќањето на вашата облека на нејзиното првобитно место всушност трае само неколку минути.

6. Уживајте во изгледот на вашиот сортиран плакарот. Тоа навистина прави да се чувствувате добро, нели? И бидејќи сега тоа изгледа толку убаво, заслужувате шопинг треска!

Животот е комплициран. Нека перењето биде едноставно.

WaveActive машините за перење и сушење од Gorenje ја комбинираат најновата технологија со едноставност во работењето и со висока енергетска ефикасност.

Нивниот уникатно дизајниран WaveActive барабан, со специјални 3Д ребра во форма на бранови, ја омекнува ткаенината за да обезбеди совршено чисти и суви алишта што речиси воопшто немаат потреба од пеглање. На овој начин ќе можете да го посветите своето време на работите кои ви се навистина важни.

Можеби би сакале да прочитате:

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice