Иако не се користат за готвење, фрижидерите на Gorenje претставуваат центар на секоја кујна. Тие се задолжени со една едноставна мисија – да бидете сигурни дека вашата омилена храна е секогаш достапна. Но фрижидерите на Gorenje можат да сторат многу повеќе. Тие се опремени со „смарт“ технологии со цел да ги имитираат условите слични на оние што владеат во природата, коишто ја одржуваат храната свежа, вкусна и полна со витални состојки што подолго.
- А+++ енергетска класа. Одличната топлотна изолација и подобреното затворање на вратата, инвертер моторот (со 10 години гаранција) и електронската контрола, ефикасно ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија.
- NoFrost Plus технологија. Го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија.
- Инвертер мотор. Потивок, поефикасен, поекономичен и со подолг век на траење од конвенционалниот мотор.