Секоја рерна Gorenje е мала фабрика за чуда. Во неа се одвиваат илјадници физички процеси, совршено контролирани и координирани со цел да се постигне конечниот резултат – вкусна храна. Долгогодишното и амбициозно истражување на физичките процеси за време на печењето, на готвењето и готвењето на пареа, резултираше со широк спектар на карактеристики и функции кои даваат уникатно искуство. Нашите рерни се корисни лични асистенти со посебен талент: иновативен облик за подеднаква дистрибуција на топлиот воздух, контролен систем кој го пече месото до совршен вкус, уред на пареа што ја внесува вистинската количина на пареа. Има многу интересни апарати на располагање и сите се приспособени на потребите на корисникот и се едноставни за употреба.