Најнежен третман на витамините

Комбинирани рерни на пареа
Готвењето е исклучително сложен процес. За време на готвењето настануваат многу процеси и потребно е да се поклопат повеќе околности со цел тоа да биде успешно. Треба многу знаење и искуство за да се креираат карактеристики и функции кои не ја третираат храната како суровина, туку како важен извор на витамини, минерали, мириси, растителни влакна и... нормално, вкус и уживање. Рерните на Gorenje гарантираат здрава храна, храна која е подготвена водејќи грижа да се задржат сите хранливи состојки и е во соглсност со потребите на организмот. Рерните на пареа од Gorenjе вклучуваат стандардни и компактни модели.

PureSteam

Без ниту една капка вода
Знаеме дека готвењето на пареа е здраво, но постојат разлики во начинот на подготовка. Рерните на пареа на Gorenje се потполно ослободени од вода во внатрешноста, благодарение на генераторот кој ја извлекува водата од пареата, така што внатрешноста и понатаму останува сува и чиста. Облакот од чиста пареа рамномерно се дистрибуира во рерната, без капка вода која може да ја расипе и да ја наводени храната.

MultiSteam 360°

Природен спој на пареа и храна
Истиот вентилаторски систем од конвенционалните рерни, MultiFlow 360˚, се користи и во нашите рерни на пареа. Бидејќи пареата влегува во рерната низ бројни отвори, специјалниот вентилатор ја дистрибуира сосема рамномерно, давајќи ѝ на храната нежност и мекост. Само еден сад со вода е доволен за цел процес, без дополнително отворање на рерната, со што се заштедуваат време и електрична енергија и дава максимални резултати при подготовка на пареа.

Резервоар за вода (WaterTank)

Вода која секогаш е при рака
Големиот, практичен и елегантен резервоар за вода е лесно достапен и може да се дополнува без прекинување во процесот на подготовка. Резервоарот со волумен од 1,3 литри логично е позициониран во апаратот при што нуди повеќе простор и спречува прелевање, благодарејќи на посебните прегради. Капацитетот е доволен за подготовка во времетраење од 80 минути, што е сосема доволно за целокупниот процес на готвење.
Повеќе
Затвори

Здраво подгревање (HealthyReheating)

Подеднакво подгреано или одмрзнато
Комбинираната рерна на пареа може да се користи за да се подгрее или одмрзне јадењето. Кога се загрева храната, таа не се готви дополнително и никогаш не се суши. Одмрзнувањето е доволно унифицирано и нежно за да не ја промени структурата на храната. Поради тоа, подгревањето и одмрзнувањето во рерната на пареа едноставно е поздраво.
Повеќе
Затвори

Декалцинирање (Decalcination)

Бигорот повеќе не е проблем
Отстранувањето на бигорот од резервоарот се прави автоматски. Кога ќе биде потребно, алармот ќе ве потсети да ја вклучите оваа функција. Бидејќи се додава специјален раствор, целиот процес трае еден час.

Погледнете ги сите карактеристки

Погледнете ги нашите производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice