Помош од висина

Аспиратори
Аспираторите од Gorenje имаат две предности во една - тие се технички напредни апарати со супериорен дизајн. Тие се одлични соработници во современиот начин на живот – придонесуваат за поздрава животна средина, ефективно ги отстрануваат лошите миризби и работат тивко и сигурно. Аспираторите на Gorenje се произведени од материјали со врвен квалитет и го подобруваат искуството на користиникот при готвење и чистење, а истовремено го збогатуваат просторот.

AdaptAir технологија

Без мирис. Само чист воздух.
Патентираната AdaptAir технологија обезбедува комплетно рамномерно вшмукување на воздухот по целата површина на аспираторот. Пареата, мирисите и нечистотиите повеќе не се дел од воздухот во кујната.

AdaptTech

Автоматска работа на вентилаторот
Кога аспираторот е во автоматски режим на работа, специјалниот сензор ги препознава нивото на нечистотија во воздухот, пареата, влажноста и гасовите и работи во согласност со нив. Моќта на работа на аспираторот автоматски се приспособува или по потреба се исклучува.

Филтри

Предности од полиуретанска пена
Единствениот систем AdaptAir и алуминиумските филтри се унапредени со специјална полиуретанска пена која елиминира до 98% од сите честички на нечистотија и маснотија. Истовремено, аспираторот има А енергетска класа на вшмукување.
Повеќе
Затвори

SliderTouch

Едноставна контрола
Специјалниот инвентивен лизгач (слајдер) овозможува брза и лесна промена на јачината на работење и на осветлување.

P.A. S. систем

Паметно, насочено вовлекување со помалку шум
Иновативниот систем на периметрија не само што го вовлекува воздухот низ централниот дел, туку вовлекува и по надворешните рабови. Со ова се намалува потрошувачката на електрична енергија и нивото на бучава. Како резултат на тоа, вовлекувањето на воздухот е значајно поефикасно.
Повеќе
Затвори

Погледнете ги сите карактеристки

Погледнете ги нашите производи

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice