»
»
»

Правосмукалка карактеристики

Перфектна двојна ХЕПА филтрација

Правосмукалките Gorenje со два ХЕПА филтри
Опремени со двоен ХЕПА филтер, правосмукалките на Gorenje овозможуваат филтрирање на воздухот во повеќе фази. Првиот ХЕПА издувен филтер задржува 90% од сите честички, што значи дека ги задржува дури и трошките. Вториот ХЕПА филтер се наоѓа на дното од садот за прав. Тој ги задржува и најмалите честички на прав во садот, со што го одржува воздухот перфектно чист.

Кеса или кутија

ХИГИЕНСКИ КЕСИ или ЧИСТА КУТИЈА за собирање на прав
Некои наши модели овозможуваат употреба на два системи за собирање на правот: ХИГИЕНСКИ КЕСИ или ЧИСТА КУТИЈА за собирање на прав. ХИГИЕНСКИТЕ КЕСИ имаат напреден систем на филтрирање кој на кесата и овзможува да ги задржи и најситните честици на прав. Прашина нема да излезе ниту при промена на кесата. ПодеднаквО оптимална хигиена овозможува и ЧИСТАТА КУТИЈА која во својата внатрешност ги одвојува нечистотиите од воздухот и ги задржува во садот. Потоа, воздухот патува низ ХЕПА филтерот кој е на дното од кутијата, навлегува во филтерот кој се наоѓа пред моторот, а потоа низ издувниот ХЕПА филтер.

XXL четка за паркет

XXL четка за паркет
Четката за паркет со својата големина е уникатна и единствена на пазрот. Mожете да исчистите поголеми површини во исто време,со што се придонесува за заштеда на време и електрична енергија.

Едноставно складирање на додатоците

Едноставно складирање на додатоците
Ние сите знаеме колку e тешко кога бараме мали додатоци и никогаш не ги наоѓаме кога ни се најпотребни. Gorenje превзема решение и за овој проблем со AplhaPower линијата. За употреба едноставнo прикачете ги малите додатоци на самото црево и можете да ги користите кога вам ви е потребно без никаков напор. Тие нема да ви попречат при употреба и користење на правосмукалката.

Продолжена рачка

Продолжена рачка
Продолжената рачка е вашата дополнителна рачка со која можете да ја достигнете секоја височина и да ја исчистите секоја површина која претходно ви била непристапна, без разлика на аголот. Исчистете ги највисоките полици и плакари, радијатори, слики, ролетни...

Широк домет

Кај моделите со 9-метарски приклучен кабел и 94 cm телескопско црево
Екстра долгиот кабел, во комбинација со телескопското црево, го раширува радиусот на работа на огромен простор. Кај моделите со 9-метарски приклучен кабел и 94 cm телескопско црево, лесно можете да досегнете до површини кои се во дијаметар до 19 метри. Исто така, инсталиран е автоматски калем за брзо собирање на кабелот, без никаков напор.

Господар за големи површини

Господар за големи површини
Правосмукалката e oсобено погодна за големи домови. Moжете да чистите поголема површина oдеднаш. Нејзиниот моќен мотор, флексибилна четка и агилност се предности кои oбезбедуваат oдлични перформанси секој ден.

Четка за паркет

Четка за паркет
Четката за паркет е долга и тенка. Влакната за поефикасно чистење се наоѓаат на долниот дел од четката и по нејзината целосна должина, така што не можете да го оштетите паркетот. Исто така, таа е погодна и за чистење на каков било тврд под.

Турбо четка за влакна

Турбо четка за влакна
Турбо четка за влакна и гарнитури, за чист и удобен дом. Започнете ефикасна борба против влакната од домашните миленичиња и присутните алергенси со оваа четка и нејзините одлични додатоци.

Паметна кеса

Кога ХИГИЕНСКАТА кеса или контејнерот на ЧИСТАТА КУТИЈА се полни
Кога ХИГИЕНСКАТА кеса или контејнерот на ЧИСТАТА КУТИЈА се полни, ќе се запали сигнална сијаличка за да ве предупреди. На тој начин, никогаш нема да имате дилема дали има доволно простор во нив за да можете да ја исчистите следната соба.

SPINNER - 2 во 1

Од сега чистењето ќе биде уште поефикасно - 2 во 1.
Од сега чистењето ќе биде уште поефикасно - 2 во 1. Ова е сад за чистење кој едноставно го прицврстувате на цевката. Правосмукалката ќе добие дополнителен степен на филтрирање - SPINNER кој задржува околку 90% од големите честички прашина. Тоа значи дека поголемиот дел од честичките ќе се задржат во садот, додека пак помалите ќе се задржат и ќе се сместат во кесата. Лесно можете да контролирате колку е наполнет садот на Spinner-от поради неговата прозирност. Јачината на всисување ќе биде константна и нема да се намалува поради пренаполнетост на кесата. Со тоа вашиот дом че биде чист, но и ќе заштедите пари за кеси за прашина. По употреба, едноставно испразнете го садот, прицврстете го назад на цевката и повторно усисувајте.

Супер тивка

Нашите правосмукалки работат тивко
Нашите правосмукалки работат тивко. Отсега, нема да вознемирувате никого ако правосмукалката работи доцна навечер или пак рано наутро. Дополнително, правосмукалките се опремени со гумени тркалца кои нема да го оштетат подот. Кога ќе завршите со работа, нема да има траги од тркалца и никакви траги од прав.

Турбо четка

Турбо четка
Турбо четката работи со помош на воздушен притисок обезбедувајќи потемелно чистење, при што ролерот во четката се врти со голема брзина, предизвикувајќи негативен притисок во самата цевка. Оваа четка за темелно чистење ќе придонесе за подобри резултати при чистењето теписони и останати помеки површини, особено гарнитури и тапациран мебел.

UV четка – четка за уништување бактерии

UV четка – четка за уништување бактерии
Со помош на UV зраците предизвикани од сијаличката која што се наоѓа на долниот дел на четката, вие и ги уништувате и ги вшмукувате сите штетни бактерии во исто време. Четката исто така вибрира, што ја прави поефикасна за совршено чистење на душеци, перници, гарнитури...

Влажно и суво чистење

Влажно и суво чистење
Правосмукалка со систем на водена филтрација ги вшмукува не само сувите, туку и влажни површини. Ова значи дека лесно можете да вшмукувате не само прашина и нечистотија, туку и вода или други течности. Ова е голема предност, која е особено корисна кога ќе се истурат теќности, во случај на протекување на вода и други непријатни ситуации и влажни подови.

Суво, мокро, шампон

Правосмукалката овозможува суво или влажно вшмукување (чистење) со средства за чистење (шампон).
Шампонот го дозирате во посебен сад за таа намена. Со притисок на копчето преку цевката дозирајте го шампонот и нанесете на избраната површина. Потоа со влажно или суво вшмукување отстранете ја нечистотијата.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice