»
»
»

Пегли карактеристики

NANO технологија

Пеглите имаат нова и напредна NANOtech подлога. Како резултат на слабото триење и оптималното пеглање се добиваат одлични резултати кај пеглите при нивно користење врз било кои материјали кои се пеглаат. Најголема предност на овие пегли се високата тврдост, минималениот отпор и лесното чистење. Тие не содржат никакви опасни хемикалии. Пеглите се достапни во три бои.

Индикатор за тврдина на водата

Нашите пегли со рамна подлога
Нашите пегли со рамна подлога се карактеризираат со специјален индикатор за тврдина на водата; комбиниран со остатокот од системот, тој овозможува полнење на вашата пегла со обична вода од чешма наместо со дестилирана вода. На овој начин се олеснува пеглањето, а пеглата можете да ја користите и кога ќе снемате дестилирана вода.

Автоматско исклучување

Автоматско исклучување
Нашите пегли со рамна подлога знаат сами да се погрижат за безбедноста. Ако пеглата е вклучена но извесно време не се користи и е поставена вертикално, по извесно време самата ќе се исклучи автоматски. Кога повторно ќе ја помрднете пеглата, тоа ќе биде регистрирано од сензорот и пеглата ќе се реактивира.

All-way самостојно исклучување

Нашите пегли со пареа сами се грижат за сигурно пеглање. Ако исклучената пегла не се користи некое време, а е поставена вертикално или од страна, пеглата сама ќе се исклучи по одредено време. Одма што ја поместите пеглата, сензорот го препознае тоа и повторно ќе се вклучи.

Лесно полнење & во движење

Дали барате пегла која можете да ја полните со вода додека пеглате?
Дали барате пегла која можете да ја полните со вода додека пеглате? Едноставно ќе го отстраните садот за вода од системот со едно притискање на копчето, ќе додадете вода до посакуваното ниво - може и обична вода од чешма, и ќе продолжите со пеглање.

Задно полнење

Пеглата ви озможува лесно полнење.
Пеглата ви озможува лесно полнење. На задниот дел од пеглата постои отвор кој што се користи за лесно и економично полнење со вода директно од чешма.

Полна пареа

Пеглата најдобро функционира кога работи на пареа. Нивото на пареа може да се подеси на три нивоа, а пеглањето е уште повеќе олеснето и поефикасно со големата сила на рапидното испуштање на пареа. Сите пегли на Горење со подлога, овозможуваат вертикално пеглање со употреба на пареа.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice