»
»
»
»
»
ДОБИЈТЕ ГИ СИТЕ ВИТАМИНИ!Вашиот смути блендер од Gorenje претставува ковчеже со богатство од витамини и минерали што секогаш ви стојат на располагање. Можете да приготвувате богати млечни пијалаци, смути од овошје и зеленчук. Домашно приготвените сокови се полни со витамини и минерали, плус тие се поевтини и поздрави од повеќето такви што се купуваат во продавница.
1
ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Животот со малите апарати од Gorenje има свои предности. Бројни предности. Проверете ги извонредните карактеристики и перформанси на апаратите кои нудат современо корисничко искуство, врвен квалитет и ефикасно работење.
Повеќе Затвори
Управување со едно копче
Повеќе
Гумени ногарки
Повеќе
Безбедносен прекинувач
Повеќе
Смути за носење
Повеќе
Сечила од нерѓосувачки челик
Повеќе
Два сада без БПА
Повеќе
XXL отвор за намирници
Повеќе
Управување со едно копче
На апаратот има само едно копче, обезбедувајќи едноставна и прецизна контрола. Кога ќе го притиснете копчето, смути блендерот почнува со блендирање, а кога ќе го пуштите, сечилата престануваат да ротираат. Тој исто така овозможува пулсирачко функционирање.
Гумени ногарки
Стабилноста на смути блендерот е неопходна за брза и безбедна подготовка. Четирите гумени ногарки ја подобруваат стабилноста и заштитуваат од лизгање по површината. Затоа, нема потреба да се држи апаратот за време на работата.
Безбедносен прекинувач
Смути блендерот од Gorenje има безбедносен прекинувач што заштитува од случајна употреба. Откако ќе биде садот прописно поставен на куќиштето, апаратот може да се користи со притискање на прекинувачот.
Смути за носење
Повеќенаменскиот сад со пластичен капак ви овозможува да го земете вашето свежо смути секогаш кога сакате да заминете некаде. На работа, на факултет, на излет со пријателите, на вежбање или на прошетка со вашите деца. Здравиот оброк ви е секогаш при рака.
Сечила од нерѓосувачки челик
Инвентивниот дизајн на четирите сечила направени од нерѓосувачки челик овозможува оптимален процес на обработка на намирниците. Благодарејќи на моторот од 250 W, сечилата исто така можат да издробат ледени коцки и јаткасти плодови. По употреба, едноставно исплакнете ги сечилата со вода.
Два сада без БПА
Смути блендерот вклучува два сада за лесна и разновидна употреба. Понесете еден сад за смути на работа и оставете го другиот во фрижидер. Садот не содржи штетен бисфренол А (BPAfree).
XXL отвор за намирници
Широкиот отвор овозможува едноставно додавање намирници и лесна подготовка. Отворот на садот за смути од 62 mm е доволен за да го направи процесот брз и лесен.
Управување со едно копче
Гумени ногарки
Безбедносен прекинувач
Смути за носење
Сечила од нерѓосувачки челик
Два сада без БПА
XXL отвор за намирници
ДОБАР АПЕТИТ!
Дали сте во потрага по добри идеи? Пробајте ги вкусните рецепти коишто ќе ве одведат на патување на кое ќе ги откриете разнобојните вкусови и привлечните мириси ширум светот - токму во Вашата кујна!
Повеќе Затвори

Смути за будење за енергија и виталност

Смути за будење за енергија и виталност
Овесните мусли претставуваат одличен извор на влакна. Тие се одликуваат со високи хранливи вредности со оглед на тоа што содржат влакна наречени бета-глукани.

Состојки

  • ½ филџан овесни мусли
  • 1 филџан павлака
  • 1/2 филџан измешани видови семиња - од тиква, ленено семе и од сусам
  • 1 јаболко
  • 1 круша

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Витаминско смути за успешен ден

Витаминско смути за успешен ден
Додавањето банана во вашиот секојдневен режим на исхрана го контролира крвниот притисок, ја подобрува мозочната активност, го подобрува варењето и ве заштитува од проблеми при варењето на храната во дигестивниот тракт.

Состојки

  • 2 банани
  • 1 портокал
  • 2 киви
  • полн грст цреши
  • полн грст боровинки
  • чаша вода

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Свежо смути од лубеница

Свежо смути од лубеница
92% од лубеницата е вода! Останатиот дел е богат со ликопен, антиоксидант кој заштитува од срцеви заболувања и заболувања на простатата. Таа исто така ја негува кожата и го поттикнува имунолошкиот систем.

Состојки

  • ½ филџан свежа краставица
  • 1 супена лажица мед
  • 1 супена лажица лимон или лимета
  • 2 филџани коцки од лубеница

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути за јак имунитет

Смути за јак имунитет
Јагодите речиси и не содржат калории и полни со витамини и минерали. Најдобри се оние од вашата градина.

Состојки

  • 2 мали банани
  • 1 филџан свежи јагоди
  • 1 филџан бадемово млеко
  • 1 лажиче кокос во прав
  • 1 лажиче чиа семе

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути за детоксикација

Смути за детоксикација
Спанаќот содржи дузина различни флавоноиди и каретоноиди, кои имаат антивоспалителен ефект.

Состојки

  • 2 банани
  • 2 портокали
  • 1 јаболко
  • 2 полни грста спанаќ

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути за ослободување од стрес, за ден полн со енергија

Смути за ослободување од стрес, за ден полн со енергија
Најдобро е навечер да земете целер, бидејќи тој има позитивен ефект на вашиот сон. Најдобриот ефект се постигнува со негово претворање во сок или со негово јадење во свежа форма.

Состојки

  • 1 сечкан целер
  • ½ сечкано јаболко
  • 1 лист од кељ
  • 1 лажиче рендан корен од ѓумбир
  • 1 лажиче мед
  • 2/3 филџан јогурт

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Розово зеленчуково свежо смути

Розово зеленчуково свежо смути
Зелката е богат извор на омега-3 масни киселини. Таа содржи антиоксиданти, анти-воспалувачки хранливи состојки и глукозинолати.

Состојки

  • 3 до 4 филџани црвена зелка сечкана на коцки
  • 1 ½ банана
  • 1 филџан малини
  • 2 коцки мраз
  • 1 ½ чаша вода

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути од боровинки и кокос

Смути од боровинки и кокос
Боровинките содржат мноштво хранливи состојки коишто ја поттикнуваат мозочната активност, особено антоцијанинот и антиоксидантите.

Состојки

  • 3 dl јогурт
  • приближно 100 g боровинки
  • 1 мало јаболко
  • 100 g манго
  • 2 супени лажици овесни мусли
  • 2 супени лажици кокос
  • малку сол
  • малку цимет и рендан ѓумбир
  • заблажувач по избор (мед, сушено овошје, шеќер)

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути со суви сливи

Смути со суви сливи
Сувите сливи се добропозната антиконстипациска храна. Нивните влакна помагаат во намалување на степенот (ЛДЛ) на лошиот холестерол.

Состојки

  • 1 dl јогурт
  • 3 суви сливи
  • 1 банана
  • ½ dl сок од портокал

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Течен појадок

Течен појадок
Дињите не се само освежувачки и вкусни - тие претставуваат извор на нискокалорична содржина со А и Ц витамини.

Состојки

  • 250 g диња
  • 1 банана
  • 1 супена лажица мед
  • сок од ½ лимон
  • 2 супени лажици густ јогурт или 70 ml вода
  • малку цимет

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути од авокадо

Смути од авокадо
Авокадото е суперхрана, благодарејќи на неговите 25 есенцијални нутрициенти, витамините А, Б, Ц, Е и К, исто како и здравите, мононезаситени масти.

Состојки

  • 4 dl млеко
  • 1 зрело авокадо
  • 2 лажиња мед
  • 4-6 коцки мраз

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Супер здраво смути

Супер здраво смути
Јаболкото е едно од најдостапните и најздрави овошја. Старата поговорка вели: „Едно јаболко дневно го држи докторот подалеку од вас“.

Состојки

  • ½ филџан целер - стебленца и листови
  • 2 брокули
  • 1 банана
  • 1 лажичка брусница
  • 1 лажичка индиски орев
  • 1 лажичка мед
  • ½ јаболко
  • ½ круша
  • 250 ml вода
  • малку цимет

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Зелено смути

Зелено смути

Состојки

  • 200 g сирова брокула
  • 200 g свежи краставици
  • 2 јаболка
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • вода

Начин на подготовка

1 Измијте ги и излупете ги овошјето и зеленчукот и исечкајте го на помали парчиња.
2 Преместете го сето тоа во бокалот на блендерот. Додадете масло и 2 dl вода.
3 Изберете ја меморираната програма за блендирање зеленчук.
4 Додадете повеќе вода за да ја постигнете посакуваната густина на пијалакот.
5 Послужете го пијалокот ладен.

Летна мешавина од праска

Летна мешавина од праска
Праските се овошје со силна функција на подмладување. Тие се препорачливи особено кога станува збор за грижата на лицето и кожата.

Состојки

  • 4 праски или нектарини
  • ½ филџан сок од јаболка
  • 2 лажичиња ленено семе

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути од малини и боровинки

Смути од малини и боровинки
Малините се едно од највкусните и најздравите овошја. Најважната состојка на малините е елагичната киселина која се претпоставува дека штити од создавање на клетки на рак.

Состојки

  • ½ филџан малини
  • ½ филџан боровинки
  • ¾ филџан сок од портокал или од ананас
  • 1 филџан павлака

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Тропско сонце

Тропско сонце
Ананасот заштитува од згрутчување на крвта, го снижува крвниот притисок, се бори со воспалување, ги олабавува мускулите и го намалува целулитот.

Состојки

  • 1 филџан бадемово млеко
  • 1 филџан свеж ананас
  • 2 коцки смрзнато манго/портокал
  • 3 коцки мраз

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Помошник на здравјето

Помошник на здравјето
Додавањето малку ѓумбир во вашата диета го смирува воспалението и се бори со вирусите. Зачинската состојка во ѓумбирот помага при гадење.

Состојки

  • 2 мали сирови главици цвекло
  • 1 мало јаболко
  • 50 g боровинки
  • 1 лажиче рендан ѓумбир
  • 300 ml вода

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Пита од тиква

Пита од тиква
Тиквата го подобрува варењето и го смирува желудникот.

Состојки

  • 1 смрзната банана
  • 1 филџан павлака
  • 1 лажиче цимет во прав
  • 1 филџан млеко
  • 2 лажици мед/јаворов сируп
  • 2/3 филџан (150 g) тикви
  • 1 филџан коцки мраз

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!
Смути за будење за енергија и виталност
Витаминско смути за успешен ден
Свежо смути од лубеница
Смути за јак имунитет
Смути за детоксикација
Смути за ослободување од стрес, за ден полн со енергија
Розово зеленчуково свежо смути
Смути од боровинки и кокос
Смути со суви сливи
Течен појадок
Смути од авокадо
Супер здраво смути
Зелено смути
Летна мешавина од праска
Смути од малини и боровинки
Тропско сонце
Помошник на здравјето
Пита од тиква

Модели

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice