Миксери / Блендери - Gorenje
»
»
»
Неопходни асистентиБлендирање или мешање. Двете подразбираат уживање во кујната. Миксерите од Gorenje лесно и брзо ќе ги подготват локалните специјалитети. И се разбира, секојдневно вкусни закуски и пијалаци.
1234
ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Животот со малите апарати од Gorenje има свои предности. Бројни предности. Проверете ги извонредните карактеристики и перформанси на апаратите обезбедуваат модерно корисничко искуство, врвен квалитет и ефикасно работење.
Повеќе Затвори
Управување со едно копче
Повеќе
Безбедносен прекинувач
Повеќе
Смути за носење
Повеќе
Сечила од нерѓосувачки челик
Повеќе
Два сада без БПА
Повеќе
XXL отвор за намирници
Повеќе
Заоблен четриаголен сад
Повеќе
Контролна табла за брзина и за време
Повеќе
Моќен мотор
Повеќе
Тивка активност (SilentAction)
Повеќе
DC мотор
Повеќе
Четиристрано сечило
Повеќе
Управување со едно копче
На апаратот има само едно копче, обезбедувајќи едноставна и прецизна контрола. Кога ќе го притиснете копчето, смути блендерот почнува со блендирање, а кога ќе го пуштите, сечилата престануваат да ротираат. Тој исто така овозможува пулсирачко функционирање.
Безбедносен прекинувач
Смути блендерот од Gorenje има безбедносен прекинувач што заштитува од случајна употреба. Откако ќе биде садот прописно поставен на куќиштето, апаратот може да се користи со притискање на прекинувачот.
Смути за носење
Повеќенаменскиот сад со пластичен капак ви овозможува да го земете вашето свежо смути секогаш кога сакате да заминете некаде. На работа, на факултет, на излет со пријателите, на вежбање или на прошетка со вашите деца. Здравиот оброк ви е секогаш при рака.
Сечила од нерѓосувачки челик
Инвентивниот дизајн на четирите сечила направени од нерѓосувачки челик овозможува оптимален процес на обработка на намирниците. Благодарејќи на моторот од 250 W, сечилата исто така можат да издробат ледени коцки и јаткасти плодови. По употреба, едноставно исплакнете ги сечилата со вода.
Два сада без БПА
Смути блендерот вклучува два сада за лесна и разновидна употреба. Понесете еден сад за смути на работа и оставете го другиот во фрижидер. Садот не содржи штетен бисфренол А (BPAfree).
XXL отвор за намирници
Широкиот отвор овозможува едноставно додавање намирници и лесна подготовка. Отворот на садот за смути од 62 mm е доволен за да го направи процесот брз и лесен.
Заоблен четриаголен сад
Естетски дизајнираниот сад со капацитет од 2 литри има специјално заоблени агли, така што состојките се лизгаат кон средината на садот и кон сечилата во текот на блендирањето. На тој начин секоја состојка поминува низ сечилата.
Садот е направен од тритан и не содржи бисфренол А (BPAfree). На него има ознаки за мерење во милиметри и чаши за прецизно дозирање на состојките. Капакот на садот го овозможува додавањето состојки дури и во текот на блендирањето, а поттурнувачот помага да ги туркате состојките поблиску до сечилата.
Контролна табла за брзина и за време
Покрај меморираните програми можете да ги наместите времето и брзината според вашите желби или потреби на контролната табла под ЛЦД копчето. Откријте кои се совршеното времетраење и брзината за вашиот омилен пијалак или јадење.
Моќен мотор
Основата на power blender-от ја чини неговиот мотор. Издржлив, со 1.500 W максимална моќност, тој ќе ги изблендира сите состојките во фина свиленкава течност или во прав. Со 30.000 вртежи во минута, со заштита од прегревање и со автоматско исклучување можете да бидете сигурни дека блендерот секогаш ќе ги пресретнува вашите најголеми очекувања.
Тивка активност (SilentAction)
Дали сте вие или луѓето околу вас вознемирени од вревата кога ги правите вашите омилени јадења? Рачните блендери од Gorenje остануваат тивки дури и при врвни брзини.
DC мотор
Овој доверлив мотор за изведување тешки задачи нема да ве разочара. Тој е енергетски многу ефикасен и дизајниран е да биде користен подолг временски период.
Четиристрано сечило
Инвентивно дизајнираното четиристрано сечило од нерѓосувачки челик овозможува брзо и темелно мешање, сечкање и пасирање на вашата храна.
Управување со едно копче
Безбедносен прекинувач
Смути за носење
Сечила од нерѓосувачки челик
Два сада без БПА
XXL отвор за намирници
Заоблен четриаголен сад
Контролна табла за брзина и за време
Моќен мотор
Тивка активност (SilentAction)
DC мотор
Четиристрано сечило
ДОБАР АПЕТИТ!
Дали сте во потрага по добри идеи? Пробајте ги вкусните рецепти коишто ќе ве одведат на патување на кое ќе ги откриете разнобојните вкусови и привлечните мириси ширум светот - токму во Вашата кујна!
Повеќе Затвори

Смути од авокадо

Смути од авокадо
Авокадото е суперхрана, благодарејќи на неговите 25 есенцијални нутрициенти, витамините А, Б, Ц, Е и К, исто како и здравите, мононезаситени масти.

Состојки

  • 4 dl млеко
  • 1 зрело авокадо
  • 2 лажиња мед
  • 4-6 коцки мраз

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути од малини и боровинки

Смути од малини и боровинки
Малините се едно од највкусните и најздравите овошја. Најважната состојка на малините е елагичната киселина која се претпоставува дека штити од создавање на клетки на рак.

Состојки

  • ½ филџан малини
  • ½ филџан боровинки
  • ¾ филџан сок од портокал или од ананас
  • 1 филџан павлака

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути од боровинки и кокос

Смути од боровинки и кокос
Боровинките содржат мноштво хранливи состојки коишто ја поттикнуваат мозочната активност, особено антоцијанинот и антиоксидантите.

Состојки

  • 3 dl јогурт
  • приближно 100 g боровинки
  • 1 мало јаболко
  • 100 g манго
  • 2 супени лажици овесни мусли
  • 2 супени лажици кокос
  • малку сол
  • малку цимет и рендан ѓумбир
  • заблажувач по избор (мед, сушено овошје, шеќер)

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Смути за детоксикација

Смути за детоксикација
Спанаќот содржи дузина различни флавоноиди и каретоноиди, кои имаат антивоспалителен ефект.

Состојки

  • 2 банани
  • 2 портокали
  • 1 јаболко
  • 2 полни грста спанаќ

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Зелено смути

Зелено смути
Едно киви има двапати повеќе витамин Ц од еден лимон или портокал! Само едно киви дневно ги задоволува дневните потреби за витамин Ц.

Состојки

  • 2 киви
  • 1 банана
  • ½ краставица
  • ½ брокула (со стебло)
  • 3-4 ливчиња блитва
  • мало парче корен од ѓумбир
  • малку вода

Начин на подготовка

1 Ставете ги состојките во блендерот.
2 Миксирајте ги состојките до згуснување.
3 Истурете во чаша и уживајте!

Безалкохолен коктел од круша

Безалкохолен коктел од круша

Состојки

  • 2 чаши коцки мраз
  • 1,5 dl 100% сок од портокал
  • 2 сочни круши
  • 1 dl сок од круша
  • 2 супени лажици мед
  • минерална вода

Начин на подготовка

1 Измијте ги, излупете ги и извадете ги семките од крушите и исечете ги на парчиња.
2 Префрлете ги коцките мраз во бокалот на блендерот.
3 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
4 Додадете круши, сок од портокал и од круша и двете супени лажици мед.
5 Изберете ја меморираната програма за блендирање овошје.
6 Истурете во чашите и додадете малку минерална вода во секоја чаша.
7 Работ декорирајте го со парче портокал.

Чоколаден сладолед

Чоколаден сладолед

Состојки

  • 3 парчиња смрзната банана
  • 2 полни грста коцки мраз
  • 100 g ситно сечкано чоколадо
  • 1 супена лажица мед
  • 200 g мелени бадеми

Начин на подготовка

1 Додадете ги коцките мраз во бокалот на блендерот.
2 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
3 Додадете ги смрзнатите парчиња банана и мелените бадеми.
4 Додадете ги ситно сечканото чоколадо и медот.
5 Изберете ја меморираната програма за кршење мраз.
6 Изладете во замрзнувачот околу 1 час, а потоа послужете.

Пире од авокадо

Пире од авокадо

Состојки

  • 2 авокада
  • 1/2 лажиче свежо или сушено чили
  • 1 чешне лук
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 dl кисела павлака
  • 1/2 лажиче семе од коријандер
  • сол

Начин на подготовка

1 Преполовете го авокадото и отстранете ја семката.
2 Со лажица изгребете ја внатрешноста на авокадото од неговата лушпа и ставете ја во бокалот на блендерот.
3 Додадете лук, чили, сок од лимон, кисела павлака, сол и истолчено семе од коријандер.
4 Изберете ја меморираната програма за блендирање зеленчук.
5 Сервирајте со пченкарен тортиља чипс.

Пикантен хумус

Пикантен хумус

Состојки

  • 200 g сушен наут
  • 3 чешниња лук
  • 3 супени лажици сок од лимон
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 2 супени лажици тахини (паста од сусам)
  • 100 ml наут во зовриена вода
  • прстофат сол и пипер
  • 1/4 лажиче лут пипер
  • 1 лажиче семе од синап
  • свежо исечкан магдонос

Начин на подготовка

1 Потопете го во вода наутот и така оставете го околу 20 часа. Потоа измијте го и згответе го.
2 Стоплете одделно 100 ml вода да врие.
3 Преместете го наутот што врие во бокалот на блендерот и додадете ја водата.
4 Додадете лук, сок од лимон, маслиново масло, тахини, сол и пипер.
5 Додадете лут пипер за вкус.
6 Одберете ја меморираната програма „nuts“.
7 Сервирајте ладно.
8 Потурете со сусамово семе и со сечкан магдонос.

Пире од зеленчук

Пире од зеленчук

Состојки

  • 300 g тиква Хокаидо
  • 200 g компири
  • 50 g путер
  • 100 g семки од тиква
  • 1 лажиче куркума во прав
  • морско оревче во прав
  • 1 dl цврст крем
  • прстофат сол

Начин на подготовка

1 Измијте ја тиквата Хокаидо, исечете ја на парчиња и отстранете ги семките.
2 Полејте ја со маслиново масло и печете ја 20 минути на 180 °С.
3 Сварете ги компирите.
4 Преместете ја печената тиква и сварените компири во бокалот на блендерот.
5 Додадете путер, семки од тиква, крем, куркума и сол.
6 Изберете ја меморираната програма за блендирање на зеленчукот.
7 Сервирајте го пирето жешко со морско оревче во прав.

Чоколаден мус со авокадо

Чоколаден мус со авокадо

Состојки

  • 3 зрели плодови авокадо
  • 1 филџан какао во прав
  • ½ филџан мед
  • 2 лажичиња ванилин шеќер

Начин на подготовка

1 Додадете ги сите состојки во садот за матење. Употребете го рачниот блендер за да ги измешате состојките во густа свиленикава конзистентност.
2 Внимателно истурете го мусот во чаши за десерт и ставете ги во ладилник за време од 1 час.
3 Декорирајте со ливчиња нане, крупно сечкани бадеми или лешници и шлаг-крем. Можете исто така да ги замените лешниците со свежо наронет кокос.
Смути од авокадо
Смути од малини и боровинки
Смути од боровинки и кокос
Смути за детоксикација
Зелено смути
Безалкохолен коктел од круша
Чоколаден сладолед
Пире од авокадо
Пикантен хумус
Пире од зеленчук
Чоколаден мус со авокадо

Модели

Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice