УЖИВАЈТЕ ВО ВАШЕТО ДОМАШНО НАПРАВЕНО МАСЛО!Ладно цедено масло директно од вашата кујна! Од сега па натаму, можете да подготвувате домашно ладно цедено масло, со користење на состојки по ваш избор и со следење на рецептите на кои им верувате.
1
ОТКРИЈТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ
Дознајте повеќе за извонредните карактеристики и можности на ладно цеденото масло, за безгрижно користење и супериорни резултати.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО OP650W Затвори
30-минутен циклус
Повеќе
Спирален сврдел
Повеќе
Функција без застанување
Повеќе
Безбедноста на прво место
Повеќе
Два сада
Повеќе
Ладно цедење
Повеќе
Резервоар
Повеќе
Гумени ногарки
Повеќе
30-минутен циклус
Цедењето за масло може да работи континуирано до 30 минути. Ова значи дека вашата единствена задача за ова време е да внимавате садот за состојки да биде постојано наполнет и да се осигурате дека има доволно простор во садовите за масло и за ситните парчиња. Така ќе бидете слободни да сработите други обврски во текот на процесот на цедење.
Спирален сврдел
Маслото се екстрахира од семињата и од јаткастите плодови со ротирање на сврделот кој ги згмечува состојките и ги одвојува во масло и во корисни остатоци – парчиња. Сврделот е направен од отпорен не’рѓосувачки челик кој е исто така многу лесен за чистење. Наместо да се мие под млаз вода, металниот дел едноставно може да се исчисти со сува кујнска крпа.
Функција без застанување
Апаратот за цедење масло е опремен со функција која дозволува едноставно обратно ротирање на сврделот за отстранување на какви било тврди делови од семките и јатките. Нема да биде потребно да го испразните или да го расклопите апаратот, а состојките секогаш ќе бидат потполно искористени.
Безбедноста на прво место
Апаратот ќе работи само ако поклопецот на садот за состојки е прописно и правилно наместен. Како дополнителна безбедносна карактеристика, апаратот автоматски ќе сопре доколку се прегрее или ако садот за состојки е празен.
Два сада
Во апаратот има два сада: сад за масло опремен со филтер кој ги отстранува кои било цврсти делови од маслото и еден поголем сад за собирање на ситните парчиња. Садовите се направени од трајни материјали што не содржат BPA.
Ладно цедење
Одржувањето на температурата под 49°С, за време на процесот на цедење, овозможува маслото да ги задржи своите витамини и минерали кои можат да се уништат на повисоки температури. Технологијата на ладно цедење, само ги затоплува состојките до температура која овозможува екстракција на маслото. Ладно цедените масла треба да се чуваат во затемнети садови и на ладно место, затоа што, во споредба со индустриски преработените масла, тие се почувствителни на светлина и побрзо ги губат своите хранливи материи и изворниот мирис ако се чуваат на собна температура.
Резервоар
Поставен директно над сврделот, резервоарот прецизно ги дополнува состојките во апаратот за цедење, ослободувајќи ве од секакви грижи за тоа дали сте додале премногу или премалку. Резервоарот има капацитет од 700 мл и може лесно да се извади и да се исчисти под млаз млака вода.
Гумени ногарки
Можете да се одморате убедени дека апаратот нема да се помести по работната површина за време на процесот на цедење. Гумените ногарки на дното од апаратот дозволуваат цврста прилепеност и стабилност, што значи безбедна употреба и без непријатни изненадувања.
30-минутен циклус
Спирален сврдел
Функција без застанување
Безбедноста на прво место
Два сада
Ладно цедење
Резервоар
Гумени ногарки
ТАЈНИТЕ НА ЛАДНОТО ЦЕДЕЊЕ
Дознајте повеќе за придобивките од ладно цеденото масло, неговите позитивни ефекти за вашето здравје и состојките од кои се прави најдоброто масло, направени директно во вашиот дом.
ПРОВЕРЕТЕ ГИ ФАКТИТЕ Затвори

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ЗАПОЧНЕТЕ ДА ГО ЦЕДИТЕ ВАШЕТО МАСЛО?

КОРИСТЕТЕ СУВИ СОСТОЈКИ

Се препорачува да употребувате состојки кои не содржат повеќе од 10% влажност, затоа што водата не дава оптимални резултати во процесот на цедење. Едно решение за влажните состојки е тие да се загреат или да се сушат во рерна околу 30 минути.
Повеќе
Затвори

ОСТАВЕТЕ ГО МАСЛОТО ДА СЕ ОДМОРИ НЕКОЛКУ МИНУТИ

На свежото ладно цедено масло му е потребно малку време за да се избистри. Нормално е да се појави пена на површината веднаш по цедењето.

ЧУВАЈТЕ ГО МАСЛОТО ВО ЗАТЕМНЕТИ СТАКЛЕНИ ШИШИЊА

Ладно цеденото масло треба да се чува во затемнети шишиња на температура под 20°С.

КОЛИЧИНАТА НА МАСЛО ЌЕ ВАРИРА

Количеството на масло екстрахирано со цедење зависи од состојките, влажноста и од брзината на цедење.
ДОБАР АПЕТИТ!
Свежо и здраво ладно цедено масло. Комбинирајте ги состојките и истражете ги новите вкусови. Погледнете неколку идеи.
РЕЦЕПТИ Затвори

Намаз од семки од сончоглед

Намаз од семки од сончоглед

Состојки

Состојки, за 4 порции:

  • 150 g семки од сончоглед
  • 2 чешниња лук
  • 40 ml ладно цедено сончогледово масло
  • прстофат сол
  • 2 супени лажици лимонов сок
  • свеж или сушен магдонос

Начин на подготовка

1 Потопете ги семките од сончоглед 24 часа.
2 Измелете и додадете лук.
3 Додадете сончогледово масло и лимонов сок и зачин по вкус.
4 Додадете исечкан свеж или сув магдонос.
5 Сомелете во хомогена смеса и послужете.

Слатка каша од просо

Слатка каша од просо

Состојки

  • 100 g каша од просо (или чорба)
  • 1 јаболко
  • 1 банана
  • 0,5 l сок од јаболко
  • Едно лажиче цимет
  • Прстофат ванила во прав
  • Суво грозје
  • 1 супена лажица ладно цедено масло од орев

Начин на подготовка

1 Варете го просото во сок од јаболка.
2 Исечкајте ги јаболката и бананата на мали парченца.
3 Додадете суво грозје, цимет и ванила.
4 Полејте масло од ореви над просото.
5 Истурете и послужете го топло.

Прелив за филети од риба

Прелив за филети од риба

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 2 ротквици
  • 2 супени лажици бел вински оцет
  • 5 супени лажици ладно цедено масло од орев
  • 1 супена лажица лимонов сок
  • 1 супена лажица сенф
  • 1 супена лажица мед
  • Сол, бипер

Начин на подготовка

1 Исечкајте ги кромидот и ротквиците.
2 Во еден сад за матење, измешајте ги оцетот, лимоновиот сок, сенфот и медот.
3 Користете маткалка при додавање на маслото од орев.
4 Зачинете по вкус.
5 Додадете ги сечканите зеленчуци.
6 Послужете со печени филети од риба.

Намаз од свежо сирење

Намаз од свежо сирење

Состојки

  • 250 g свежо сирење
  • 1 праз
  • црн бибер
  • 1 чешне лук
  • 2 супени лажици кисела павлака
  • 1 лажиче сок од лимон
  • 3 супени лажици ладно цедено масло од семки од тиква

Начин на подготовка

1 Ситно исечкајте ги празот и лукот и кратко запржете ги.
2 Додадете ги свежото сирење и киселата павлака.
3 Зачинете по вкус и додадете го маслото од семки од тиква.
4 Додадете малку необичност на вкусот со сок од лимон.
5 Измешајте и послужете со потпечен леб.

Мајонез

Мајонез

Состојки

  • малку сол
  • 2 жолчки од јајце
  • 250 ml ладно цедено сончогледово масло
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • едно лажиче бел бибер

Начин на подготовка

1 Осигурете се дека сите состојки се на иста температура.
2 Одделете ги жолчките од белките.
3 Измешајте ги жолчките и солта и матете ги со маткалка или со миксер додека не се изедначат во хомогена смеса.
4 Додавајте капка по капка масло додека миксирате континуирано и рамномерно.
5 Мешајте додека смесата да стане цврста и густа.
6 Додадете бибер и лимонов сок и измешајте повторно.

Тенки транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде) со путер од кикирики

Тенки транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде) со путер од кикирики

Состојки

  • 200 g тенки транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде)
  • 200 g моркови
  • 1 парче пилешки гради
  • 200 g свежа зелка
  • 1 филџан сос од соја
  • 1 лажиче ѓумбир во прав
  • 2 чешниња лук
  • 2 супени лажици путер од кикирики
  • 1 филџан ладно цедено масло од кикирики

Начин на подготовка

1 Исечете го зеленчукот и измешан испржете го.
2 Тенко исечете го месото и маринирајте го во сос од соја со масло од кикирики.
3 Запржете го месото и додадете сечкан лук и ѓумбир.
4 Додадете вода и сос од соја.
5 Искршете ги и додадете ги тенките транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде). Гответе додека да омекне.
6 На крај, вмешајте го путерот од кикирики и послужете.

Смути за детоксикација

Смути за детоксикација

Состојки

  • 2 банани
  • 8 супени лажици масло од коноп
  • 1 јогурт од соја, овошје
  • 1 јаболко
  • 3 грста свежи листови спанаќ
  • 1 грст грозје без семки

Начин на подготовка

1 Исечете ја бананата и нафрлете го грозјето.
2 Излупете го и нафрлајте го јаболкото.
3 Измешајте го овошјето во миксерот и додадете ги другите состојки.

Јапонски васаби намаз со лук за салата

Јапонски васаби намаз со лук за салата

Состојки

  • 1 чешне лук
  • 3 супени лажици јапонски соја сос
  • 1 супена лажица ладно цедено масло од сусам
  • 1 супена лажица васаби намаз
  • 3 супени лажици оцет од ориз

Начин на подготовка

1 Ситно исечкајте го лукот.
2 Во сад за матење, измешајте го со соја сосот и со сусамовото масло.
3 Додадете го васаби намазот и оцетот од ориз и добро измешајте.
4 Оставете сè да се отстои 15 минути.
5 Послужете со салата од оладени тестенини, црн грав и грашок.

Пилинг за лице

Пилинг за лице

Состојки

  • 1 супена лажица ладно цедено бадемово масло
  • 1 супена лажица ситно мелена морска сол

Начин на подготовка

1 Измешајте ги бадемовото масло и солта.
2 Нанесете на лице и нежно масирајте.
3 Оставете да постои околу 3 минути за да се постигне посакуваниот ефект.
4 Исплакнете со топла вода.
5 Комбинацијата од сол и масло ја лекува кожата и има антисептички ефект.
Комбинацијата од бадемово масло и морска сол помага за регенерација на кожата и има антисептички ефект.

Хранлива маска за лице од мед и бадем

Хранлива маска за лице од мед и бадем

Состојки

  • 3 супени лажици полномасно млеко
  • ½ супена лажица ладно цедено бадемово масло
  • ½ супена лажица мелени бадеми

Начин на подготовка

1 Измешајте ги состојките во густа и хомогена смеса.
2 Нанесете ја смесата на чисто лице.
3 Додека ја нанесувате, нежно масирајте кружно.
4 Оставете ја маската да се постигне ефект 15 минути.
5 Исплакнете ја со топла вода.
Намаз од семки од сончоглед
Слатка каша од просо
Прелив за филети од риба
Намаз од свежо сирење
Мајонез
Тенки транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде) со путер од кикирики
Смути за детоксикација
Јапонски васаби намаз со лук за салата
Пилинг за лице
Хранлива маска за лице од мед и бадем
ЗДРАВЈЕ, УБАВИНА, КУЛИНАРСКИ ПРЕДНОСТИ!
Откријте како природните масла го подобруваат вашиот секојдневен живот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПРЕДНОСТИТЕ Затвори

Масло од семки од тиква

Масло од семки од тиква

Начин на подготовка

Содржи триглицериди и фитостероли, богато е со протеини, минерали, незаситени масни киселини и со витамини А, Е, Ц и К.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Ги ублажува проблемите со зголемена простата
  • Помага при варење на храната
  • Го забрзува процесот на варење на храната
  • Го поддржува имунолошкиот систем
  • Позитивно влијае на расположението
  • Го намалува лошиот холестерол

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Користете го во сосови,
  • преливи за салата,
  • намази,
  • пецива, или попрскајте го врз
  • чоколадо или сладолед.

НЕГА НА ТЕЛО

  • Го подобрува природниот изглед на кожата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Оваа содржината е предвидена само за општа информација. Се препорачува да се консултирате со професионален нутриционист пред употреба.

Масло од сусамово семе

Масло од сусамово семе

Начин на подготовка

Богато со аминокиселини, со витамини А, Б и Е, со калциум, магнезиум и со фосфор.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Ја подобрува состојбата на крвната слика
  • Спречува болест на слезината
  • Делува како благ лаксатив
  • Го забавува процесот на стареење, проседувањето на косата, како и развојот на деменција

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Кинеска храна
  • Вегетаријанска храна
  • Готвење месо
  • Користете го со тестенини
  • Готвење мешуни
  • Преливи за салата

НЕГА НА ТЕЛО

  • Користете разредено масло (20%) за да ги смирите ревматските болести и проблемите со кожата.
  • Нанесете го маслото по целата должина на косата и замотајте ја косата во топла крпа. Исплакнете после еден час.
  • Нанесете тенок слој на масло пред спиење.

Масло од ленено семе

Масло од  ленено семе

Начин на подготовка

Богат извор на омега-3 масни киселини (содржи над 60%) и на омега-6 масни киселини, со идеален сооднос меѓу обете (1:4).

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Ја регулира цревната флора
  • Намалува надуеност и гасови
  • Смирува киселина во стомакот
  • Го намалува крвниот притисок

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Сос за салати и свеж зеленчук
  • Сос за готвени јадења
  • Преливи за салата
  • Сирови јадења со овошје

НЕГА НА ТЕЛО

  • Помага да се отстранат митисерите и дамките
  • Нанесете го маслото на коса и измијте го по еден час за да се задржи сјајот и да се заштити косата од топлина.

Масло од кикирики

Масло од кикирики

Начин на подготовка

Извор на есенцијални масни киселини, на витамини Б и Е, на калциум, калиум, протеини и растителни влакна.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Спречува и смирува кардиоваскуларни болести
  • Го намалува уделот на лошиот холестерол во крвта
  • Помага да се спречи срцев удар и мозочен удар

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Сирови и азиски јадења приготвени во вок тава
  • Преливи за салата
  • Вегетаријанска храна
  • Пецива
  • Сите видови на месо, вклучувајќи и пржено

НЕГА НА ТЕЛО

  • Мелем за кожата, заштита од УВ-зраци
  • Ја зајакнува косата
  • Ја стимулира работата на репродуктивните жлезди

Бадемово масло

Бадемово масло

Начин на подготовка

Богат извор на витамини А, Б и Е, на минерали и на омега-3 и омега-6 масни киселини.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Олеснување на тегоби при плевритис
  • Ја ублажува болката кога има грчеви во цревата
  • Помага при варење на храната

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Топли и ладни јадења
  • Салати
  • Десерти
  • Храна за бебиња

НЕГА НА ТЕЛО

  • За отстранување на шминка; ја враќа природната влажност на кожата; ја заздравува испуканата кожа; го смирува и ублажува воспалението
  • Ја смирува сувата и оштетена коса
  • Ги зајакнува трепките и ноктите, ја навлажнува грубата кожа, спречува стрии
  • Бидејќи не се впива брзо, се корист како масло за масажа, а исто така е корисно во ароматерапија

Масло од орев

Масло од орев

Начин на подготовка

Богато со омега-3 масни киселини, протеини, јаглехидрати, минерали и витамини, особено со А, Б, Ц и Е.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Ја прочистува крвта и ја регулира киселоста во цревата
  • Ја регулира стомачната киселина во телото
  • Олеснување на тегоби при хроничен бронхитис
  • Ги олеснува симптомите на ревматизам
  • Ги штити крвните садови од стареење и пукање
  • Стимулира активност на мозочните клетки

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Салати, месо, тестенини, пецива, или сосови

НЕГА НА ТЕЛО

  • За отстранување на шминка; ја враќа природната влажност на кожата; ја заздравува испуканата кожа; го смирува и ублажува воспалението
  • Ја смирува сувата и оштетена коса

Масло од семки од сончоглед

Масло од семки од сончоглед

Начин на подготовка

Содржи незаситени масни киселини, витамини А, Е и Д, и калиум, магнезиум, фосфор и лецитин.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

  • Го намалува холестеролот во крвта
  • Спречува кардиоваскуларни болести
  • Помага при варење на храната
  • Го забрзува заздравувањето на рани на кожата и ја навлажнува кожата

ПОДГОТОВКА ХРАНА

  • Салати и маринади
  • Варење, печење, пржење, динстање и сл.

НЕГА НА ТЕЛО

  • Како масло за масажа, ја навлажнува и ја омекнува кожата
  • Го стимулира имунолошкиот систем и ја подобрува циркулацијата на крвта
Масло од семки од тиква
Масло од сусамово семе
Масло од ленено семе
Масло од кикирики
Бадемово масло
Масло од орев
Масло од семки од сончоглед

Модели

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice