Пред да се купи, добро е да се знае

Клима уредите од Gorenje наменети се за употреба во индивидуални станбени објекти
 

Клима уредите од Gorenje се наменети за климатизација на индивидуалните станбени објекти и на деловни простории (канцеларии) и не се наменети за климатизирање на другите простори (производствени, индустриски...), бидејќи во тие простори условите се поинакви од oние пропишаните за работа на апаратот (прашина, метална прашина, агресивни средства,...).

Разладување и загревање со клима уреди
 

Клима уредите од Gorenje се наменети за разладување на просториите и за догревање во преодниот период (пролет и есен). Сите стабилни клима уреди се изработени врз основа на системот на топлотна пумпа. Енергијата не ја произведуваат како електрични греачи, туку само ја пренесуваат од околината во просторот каде што ја трансформираат на повисоко енергетско ниво (виша температура). За тоа им е потребна само третина од енергијата додека останатите две третини се носат од околината (така да се каже, за бадијала). Сè додека температурата во средината не се спушти под 0°С, тоа е без сомневање најекономичниот систем за загревање. Исто така, еднакво се идеални за догревање во преодните периоди. Високоперформативните инвертер клима уреди наменети се и за догревање во зимските периоди, во зависност од условите во надворешната средина (температура, влага, ветар,...).   

Моќност на клима уредот
 
Пред изборот на клима уредот пресметајте ја потребната моќност земајќи ги предвид површините на просторот и прозорците, бројот на лица  и можните дополнителни извори на топлина. Информативната големина на просторот наведена е во табелите кај поединечните апарати. При пресметувањето можат да ви помогнат продавачите на клима уредите на Gorenje, а можете и сами да направите пресметка според следните упатства:

површина на просторот m2 x 70 = W
 
површина на прозорците на сончевата страна m2 x 30 = W
 
број на присутни лица x 100 = W
 
вкупна моќ на дополнителните извори на топлина во W x 1 = W
 
ПОТРЕБНА МОЌ ЗА ЛАДЕЊЕ НА КЛИМА УРЕДОТ во W = W

Врз основа на пресметаната потребна моќност за разладување одберете соодветен клима уред според неговата моќ на разладување. Одберете го оној кој е најблиску до пресметаната моќност. Пресметката е ограничена и се однесува за висина на простории од 2,5 m како и за стандарден квалитет на градбата на објектите.

Подрачјето за работа на апаратите е наведено во упатствата за употреба. Насловната моќност на апаратите е измерена во согласност со стандардот EN 14511 и се менува во работната област. За правилно димензионирање на клима уредите во просторот треба да се почитуваат параметрите. Препорачуваме, пред купување на апаратите да исконтактирате овластен сервисер кој ќе го посети објектот, ќе ги прегледа сите параметри и на темел на собраните информации ќе даде совети при купувањето.

Зошто клима уред од Gorenje

Одличниот квалитет, широкиот избор на модели, допадливиот дизајн, ефикасната работа и поволната цена можат најдобро да ги задоволат сите ваши потреби и желби. Да не го заборавиме нивниот долг животен век, обезбедениот сервис и резервните делови.

Гаранција

За сите клима уреди од Gorenje важи 2-годишната гаранција потпишана со изјава за гаранција која е приложена со апаратот.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice