Местење на клима уредите - Gorenje

Местење на клима уредите

Внатрешната единица треба да биде така поставена, доводот на воздух да не биде насочен непосредно кон луѓето во просторијата. При поставување на внатрешната единица имајте ги предвид следниве работи:

  • Обезбедете го непреченото циркулирање на воздухот
  • Обезбедете доволно простор околу единицата за полесно чистење и за можно сервисирање
  • Внатрешната единица да не биде изложена на директна сончева светлина.

Предвидете го можното поставување на надворешниот елемент:

  • Во случај кога се работи за станбен блок наједноставно е да се намести на балкон, но може да се намести и под прозорец, на покрив или во потпокривна просторија (ако има доволно воздушен проток)
  • Во станбена куќа надворешната единица може да се намести на подот, на балконот под покривот, на покрив, во потпокривна просторија (ако има доволно воздух) или некаде на друго место на ѕид
  • Треба да се земе предвид тежината на клима уредот и да се избере простор каде што бучавата и вибрациите не му сметаат никому.
  • Изберете такво место каде што протокот на воздух и звучниот притисок не ѝ пречи на околината.
  • Во случај кога станува збор за куќа што претставува културно наследство, советувајте се за поставувањето со надлежните органи. Како и да е, надворешниот елемент наместете го така што помалку да му смета на изгледот на згарадата (задна страна на објектот, при тлото, во потпокривниот простор,...). Поподробно за местењето разговарајте со стручните лица за продажба или со овластените монтери.
Посетете не
Facebook
YouTube
Споделете
Facebook
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice