Дејствување и предност на инвертер клима уреди

Дејствување и предност на инвертерот

Голема заштеда на енергија: Инвертер клима уредите од Gorenje овозможуваат заштеди до 40% во споредба со класичните клима уреди. Тоа овозможило дополнително надградено управување како и нови генерации на вградени компресори. Тоа значи отстранување на загубите поради прегревање или разладување на просторот со оглед на наместената температура каква што имаме кај класичните клима уреди каде што апаратот, за да ја одржува наместената температура, зачестено се вклучува и се исклучува.

Оптимална контрола на температурата

Клима уредот многу брзо ја постигнува наместената температура и потоа ја одржува со незначителни промени од +/- 0,5 °C .

Зголемување на ефектот на загревање

Поради можноста од бројот на вртежи на компресорот, а со тоа и на моќноста на компресорот, ефектот од загревањето се зголемува за 40%. Така што и кај прилично ниски надворешни температури, а во согласност со карактеристиката на моќноста и зависно од температурата, сè уште имаме значаен одреден дел на загревачка моќ. Поради дополнително вградените наменски компоненти кај одредени модели, самиот апарат може непречено да дејствува и при надворешни температури до -15°C.

Намалување на звучната моќност

Клима уредот само на почетокот (додека не ја постигне наместената температура) работи со полна сила додека подоцна, кога таа температура само се одржува, неговата сила прилично се намалува а со тоа се намалува и звучната моќност на апаратот.

Сите клима уреди на Gorenje се полнети со медиум за разладување R410A кој е прифатлив за околината.

Поради грижата за намалување на штетните влијанија врз намалувањето на дебелината на озонската обвивка за клима уредите се развиени медиуми за разладување R407C и R410A. Медиумот R407C се состои од три компоненти чии фазни промени се одвиваат во подрачјето 7°. Медиумот R410A се состои од две компоненти со фазен преод при 0,2 °. Фазниот преод на медиумот R410A, речиси во една точка, овозможува полесно сервисирање на составот за разладување, а дозволено е и дополнување на составот за разладување со потребното количество на медиум. Кај медиумот R407C, при зафатот во составот за разладување, треба да се исцрпи целата количина на медиум и да се надополни со ново соодветно количество на медиумот. Притисоците во системот за разладување наполнет со медиумот R410A се значително повисоки  отколку кај системите наполнети со медиумот R407C. Системите со медиум за разладување R410A бараат вградување на поспособни компоненти и попрецизна изработка на клима уредите.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice