Gorenje Simplicity Collection

Мојата животна филозофија е едноставна. Го ценам она што одговара на моите навики и можности. Го дизајнирам и го уредувам просторот на мој начин. Одбирам линија на апарати за домаќинство согласно мојот животен стил. Лесно можам да ги интегрирам во мојот дом одлично дизајнираните, црни или бели, апарати за домаќинство од линијата Simplicity на Gorenje. Ми помагаат да го живеам животот на мој начин. Бидејќи тие се приспособуваат на мене,  а не обратно. Simplicity!

Убави. Едноставни. Достапни.

Логичен избор

Во Simplicity линијата на апарати за домаќинство на Gorenje, најчесто употребуваните и најлогичните програми се лесно достапни – преку едно единствено копче.

Приспособлива технологија (AdaptTech)

Напредните апарати за домаќинство го помнат нашиот избор и го предложуваат следниот пат кога ќе го користиме апаратот. Сè што треба да направиме е да притиснеме едно копче за да потврдиме.

Компактен дизајн

Јасните линии, оригиналните материјали и ергономијата овозможуваат апаратите за домаќинство да се вклопат во секој дом.

Идеална вредност

Бидејќи имаат одлична цена, овие апарати за домаќинство даваат моментална заштеда. Покрај тоа, напредната технологија овозможува да го платите само она што ви е неопходно, што на долг рок дава дополнителна заштеда.

СИГУРНИ. ПАМЕТНИ. ЕДНОСТАВНИ.

Вградните рерни имаат AdaptTech технологија на печење која ги помни моите најчести подесувања и ги предлага следниот пат кога ќе ја вклучам рерната, поради што нема потреба секој пат да ги повторувам. Со одличниот дизајн, во црна или бела боја, рерната хармонично се вклопува со другите апарати за домаќинство од  колекцијата Simplicity од Gorenje. It's so me!

AdaptTech печење

Нема потреба секој пат да ги повторувате вашите приспособувања

Рерната ги помни приспособувањата на температурата за секоја програма и ја предлага последната или најчесто користената опција следниот пат кога ќе ја вклучите.

Програма за конзервирање

Сигурен начин за да ги зачувате хранливите состојки на храната

Специјалната и однапред дефинирана програма ќе ви овозможи да ги зачувате хранливите состојки на храната во текот на целата сезона, но и потоа.

GentleClose систем за затворање на вратата на рерната

Дополнителна удобност при затворање на вратата на рерната.

Вратата ќе се затвори лесно и тивко, без разлика на интензитетот на туркање.

Електронски програмски тајмер со управување на допир

Лесно и прегледно управување

Тајмерот овозможува да го наместите времето за печење и да ја одберете вистинската температура. Ова, како и системот за загревање, кој се користи во моментот, можат да се контролираат на јасно поставената контролна табла. Површината на тајмерот е совршено мазна и лесна за чистење.

АВТОМАТСКИ. ЕДНОСТАВНИ. БЕЗБЕДНИ.

Со копчето SimpleOff нема потреба да се грижам дали го исклучив плинот. Плинските плочи со иновативниот програмски тајмер за исклучување автоматски ќе го исклучат горилникот во зададеното време. Исто како и другите апарати за домаќинство од колекцијата Simplicity од Gorenje, ми овозможуваат да готвам на мој начин. It's so me!

Плински плочи со SimpleOff програмски тајмер за исклучување

Безбедно, едноставно, чисто и контролирано готвење

Ергономски дизајнираното копче со вграден електронски тајмер овозможува да го наместите времето за готвење (до 99 минути). По истекувањето на зададеното време, плинскиот горилник автоматски ќе се изгаси и ќе ве извести со звучен сигнал.

Контрола на зовривање (BoilControl)

Заштита од претекување

Се грижиме за безбедноста, па поради тоа го ограничивме времето на непрекинато работење. Кога временската граница ќе се пробие, плочата сама се исклучува.

Едноставна контрола со SmartControl

Прегледност и контрола во готвењето

Времето на готвење може да се намести за секоја зона независно. По истекувањето на зададеното време, тајмерот автоматски ќе ја исклучи зоната на готвење и ќе ве извести со звучен сигнал.

Решетки од лиено железо

Подобра стабилност и долготрајност

Решетките од лиено железо ја подобруваат стабилноста и го збогатуваат изгледот на плинската плоча. Направени се од материјал што ги прави особено трајни и отпорни дури и на највисоките температури.

SuperPower индукциска плоча

Брзо и ефикасно готвење и едноставно чистење

Индукциските плочи работат исклучително брзо и ефикасно и овозможуваат да се подготви одлична и здрава храна. Функцијата SuperBoost за брзо и моќно работење дозволува побрзо и поефикасно готвење, што дава заштеда на време и енергија.

БЕЛИ. ЦРНИ. ПАМЕТНИ.

Овој фрижидер користи AdaptTech интелигентен систем, ги помни моите навики, ја предвидува фреквенцијата на отворање на фрижидерот и според тоа ги прилагодува параметрите. Подолго ја задржува свежината на храната и уште повеќе уживам во моите црни или бели апарати за домаќинство на линијата Simplicity од Gorenje. It's so me!

AdaptTech ладење

Задржување на свежината на храната 20% подолго

Адаптивниот интелигентен систем константно ја следи, анализира и регистрира употребата на фрижидерот на неделно ниво. Потоа, неговото работење, особено одржувањето на одредена температура и трошокот на енергија, ги прилагодува според идентификуваната шема. Кога вратата на фрижидерот се отвора, температурата на храната нема да се зголеми како на стандардните фрижидери, што спречува појава на бактерии.

IonAir

Ја чува храната свежа и вкусна до 10 дена подолго

Со природниот процес на јонизација се елиминираат до 95% од бактериите, микроорганизимите и мувлата со што храната ја задржува свежината подолго.

NoFrost Plus

Без мраз или рачно одмрзнување

Модерната NoFrost технологија користи интензивна циркулација на ладен воздух и ја елиминира влагата од замрзнувачот и фрижидерот. Ова спречува формирање на мраз на храната и лед во внатрешноста на замрзнувачот.

MultiFlow 360°

Долготрајна свежина и пониска потрошувачка на енергија

Интензивнaта MultiFlow 360° циркулација на воздухот се создава преку интензивните вентилациски отвори кои испуштаат ладен воздух. Тие се сместени на задниот ѕид од фрижидерот и овозможуваат константна и рамномерна температура во целиот дел за ладење.

BottleMat

Elastična podloga za praktično in varno odlaganje steklenic ter pločevink, saj preprečuje njihovo drsenje. Obenem jo lahko uporabite tudi kot namizni podstavek za vroče posode.

AirPower

Dinamično hlajenje

Napreden ventilatorski sistem AirPower z dinamičnim hlajenjem poskrbi za enakomerno temperaturo v celotnem hladilniku. Zaradi tovrstnega načina delovanja spada AirPower v vrsto »zelenih« lastnosti in tako prispeva k prihranku energije. Vgrajen je v osnovne modele RK.

СВЕЖИ. СВЕТЛИ. ПРИЛАГОДЛИВИ.

Заборавете на вклучување и исклучување на аспираторот! AdaptAir автоматски ја насетува нечистотијата во воздухот и ја прилагодува брзината на вентилаторот. Халогенското осветлување го олеснува моето готвење, додека пак комбинацијата на челик и стакло ја украсуваат мојата кујна и совршено се совпаѓаат  со другите бели или црни апарати за домаќинство од линијата Simplicity на Gorenje. It's so me!

Функционален дизајн

Покрај перформансите, овие аспиратори се карактеризираат и со оригинални материјали како што е комбинацијата на не’рѓосувачки челик и стакло. Привлечниот дизајн е сè поважен аспект, а покрај тоа, аспираторите можат да придонесат и за пријатно осветлување на плочата за готвење за време на работењето.

Халогенско осветлување

Извонредно осветлување за време на готвењето

Претставува дополнителен извор на светлина кој овозможува оптимално осветлување на површината над плочата. Халогенското осветлување, исто така, е и помоќно и поекономично од конвенционалното.

Едноставно чистење на филтрите

Полесно одржување и подолг животен век

Металните филтри во аспираторите, кои се дизајнирани за чистење на маснотиите, се лесни за отстранување и чистење. Можат да се исчистат рачно или во машина за садови на програма за чувствителни садови.

СЈАЈНИ. ЕФИКАСНИ. ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ.

Наздравувам за мојата нова Simplicity машина за миење садови - со комплет од сјајни чаши! Можам да го одложам почетокот на миењето за 3, 6 или 9 часа. Во секој случај, тие ќе се мијат ефикасно со малку сила. Вратата на овој вграден апарат ја одразува убавината на Gorenje Simplicity колекцијата достапна во бела или црна боја. It's so me!

Висока енергетска ефикасност

Економична машина за миење садови

Отсега, ќе ги миете вашите садови со поголема одговорност и со грижа за околината, бидејќи машините за миење садови на Gorenje во целост ги следат упатствата од Европскиот водич за заштеда на енергија.

Програмирање на времето за почеток на миењето садови

Чисти садови во моментот кога вам ви одговара

Времето на почетокот на миењето можете да го одложите за 3, 6 или 9 часа. Оваа функција нуди можност за дополнителна заштеда поради тоа што дозволува работа на машината за време на евтината тарифа на електрична енергија.

Функција 3 во 1

Машината за миење садови овозможува едноставно активирање на „3 во 1“ функцијата.

AquaStop

Не грижете се за излевање на водата

Во случај на излевање на вода, AquaStop автоматски ќе го прекине доводот на вода во цревото и во машината, а пумпата истовремено ќе ја испумпа и преостанатата вода од кадата на машината за садови во одводното црево.

ПРАКТИЧНИ. ЕДНОСТАВНИ. БРЗИ.

Само неколку апарати за домаќинство ќе ги покажат нивните квалитети толку брзо колку микробрановата печка од Simplicity. Неколку минути се потребни за да се остварат вашите желби. Покрај големиот капацитет, оваа микробранова печка  има однапред дефинирани програми за различни типови храна и начини на готвење. Достапна е во црна и бела боја.

Јасно и едноставно управување

Микробрановите печки имаат едноставно електронско управување кое овозможува да ги наместите времето и режимот на греење. Секоја програма е јасна и лесно достапна за регулирање.

Микробранова печка со грил

За одлично печење и подгревање

Вградените микробранови печки со одличен волумен од 23 литри имаат двојна предност во кујната - и на микробранова печка и на скара. Таквата комбинирана функција овозможува многу побрзо печење помали парчиња месо, печење пица и слично.

Однапред дадени програми

Брз и логичен избор без непотребна паника

Можете многу едноставно да одберете програма со едно копче. Секоја од 9-те однапред дадени програми (пица, риба, зеленчук, топење чоколадо итн.) имаат автоматско дефинирано ниво на топлина, јачина и на времетраење. Времетраењето на програмата може да се приспособи ако е потребно. Покрај тоа, можете и да се одлучите за одложен старт или за програма за само-чистење која користи вода.

ЕКОНОМИЧНИ. ПРИЛАГОДЛИВИ. СОВРШЕНИ.

Бројот на вртежи и нивото на вода за секоја програма за перење се мој избор. Кога еднаш ќе го направам изборот, AdaptWash ќе ги запомни овие подесувања. Следниот пат, нема да морам повторно да ги повторувам овие подесувања. Одбирам енергетска класа A+++ од новата колекција Simplicity на Gorenje – во црна или бела боја. It's so me!

AdaptTech перење алишта

Нема потреба да ги повторувате вашите прилагодувања

Машината за перење ќе ги запомни вашите прилагодувања за бројот на вртежи за секоја дефинирана програма. Исто така, ќе запомни доколку изберете повисоко ниво на вода или предперење за одредена програма. Последните подесувања ќе бидат предложени кога повторно ќе ја користите истата програма.

SensorIQ сензорска технологија

Оптимални резултати со значителна заштеда на електрична енергија, вода и на време

Бројните сензори континуирано вршат мониторинг на процесот на перење. Базирано на собраните информации, интелигентната сензорска технологија автоматски го прилагодува процесот на перење според одбраната програма, типот и тежината на алиштата.

Програмирање на почетокот на работата на машината за перење

Испрани алишта во вистинско време

Сите модели на машини за перење алишта нудат опција да се одложи почетокот на перењето и до 24 часа однапред. Оваа функција нуди можност да ја искористите поевтината ноќна тарифа на електрична енергија.

Одлична енергетска ефикасност

Многу иновативни решенија како што се ефикаснте и пргограмски алгоритми, SpaDrum барабанот на машините за перење алишта и QuickWet ефикасниот систем за натопување на алиштата, во комбинација со интелигентната SensorIQ сензорска технологија, овозможуваат одлична енергетска ефикасност. Моделите од линијата Simplicity на Gorenje имаат енергетска класа A+++ или A-30%, што значи дека користат 30% помалку електрична енергија од апаратите со А класа.

СУВИ. НЕЖНИ. СВЕЖИ.

Сакам да ги сушам алиштата на програмата ExtraDry, нежно исушени на ниска температура, или само освежени. Машината за сушење на Simplicity го помни  мојот избор за секоја програма, така што не мора да го повторувам следниот пат. Исто така, совршено одговара на машината за перење на колекцијата Simplicity од Gorenje и е достапна во црна или бела боја. It's so me!

AdaptTech сушење алишта

Нема потреба да ги повторувате вашите прилагодувања

Машината за сушење ќе запомни ако ја користите функцијата ExtraDry, пониска температура на сушење, функцијата за освежување или функцијата за помалку гужвани алишта. Машината ќе ви ги предложи последните употребени подесувања кога повторно ќе ја користите истата програма.

Кондензациска машина за сушење со топлотна пумпа

Исклучително економично сушење A++

Тоа е единствениот апарат за домаќинство кој ги користи и двете функции на топлотната пумпа: загревање и ладење. Потполната искористеност води до 50% заштеда на енергија во споредба со А енергетската класа.

TwinAir

За рамномерно сушење на алиштата

Тоа е единствениот апарат за домаќинство кој ги користи и двете функции на топлотната пумпа: загревање и ладење. Потполната искористеност води до 50% заштеда на енергија во споредба со А енергетската класа.

Програмирање на почетокот на сушење

Сушење на алиштата кога вие ќе посакате

Започнете со процесот на сушење и до 24 часа однапред. Облеката ќе биде исушена до посакуваното ниво на влажност и ќе може да се складира или испегла, во време кога вам ви одговара.

Галерија

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice