Gorenje Retro карактеристики

NoFrost Plus

Нема повеќе здодевно одмрзнување
Еден од најдобрите системи за ладење на пазарот, инсталирани во преградата за замрзнувач, го спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија, додека во одделот за ладење, тоа одржува идеална микроклима за свежа храна. Циркулацијата на јонизиран воздух ја заштитува храната од исушување и ги задржува во неа витамините и минералите.

IonAir со MultiFlow 360° функција

Идеална микроклима на секоја полица
Напредната технологија во ладилниците ја пресликува природната микроклима за да се осигура дека храната ќе остане свежа подолго време. Негативно наелектризираните јони генерирани од страна на апаратот континуирано го освежуваат воздухот за да ја имитира природната микроклима и со тоа да се креира идеална средина за свежа храна. Вентилацискиот систем MultiFlow 360° еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух преку 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура на секоја полица.

AdaptTech технологија

Фрижидер што ги препознава вашите навики
Овој „ паметен“ систем беше осмислен за одржување на оптимална температура во фрижидерот во зависност од тоа колку често ја отворате вратата. Кога вратата е отворена, температурата одеднаш расте и храната е изложена на термален шок којшто за возврат предизвикува таа поскоро да се расипе. Фрижидерот континуирано го следи и го анализира начинот на којшто го користите. Така, тој може да предвиди кога ќе ја отворите вратата на ладилникот и токму пред тоа да го сторите, тој ја зголемува температурата од 1 до 2 °C за да се осигурате дека се одржува константна температура и дека храната останува свежа и полна со хранливи материи.

FreshZone фиока

Свежо како од градина
Оваа фиока со најниска темература во фрижидерот е идеална за складирање на месо, риба, овошје и зеленчук. Ја зачувува свежината на храната, нејзината арома и вкус многу подолго.

ZeroZone фиока

Свежо како директно од море
Фиоката со температура од околу 0 °C е идеална за чување на свежо или на маринирано месо, риба или на морска храна. Ја продолжува свежината на деликатната храна и ги задржува природната сочност и хранливите вредности.

XtreemeFreeze фиока

Молскавично замрзнување
Брзото замрзнување на екстремно ниски температури. Со ваквиот начин на замрзнување се зачувуваат хранливите состојки и вкусот на храната.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice