Gorenje Ora ïto црна линија

Едноставна и сложена.

Со отстранување на непотребните нешта, остануваат само чистите линии на дизајнот.

Едноставниот дизајн што нè опкружува е футуристичката кујна денес и утре. Едноставните чисти линии го отсликуваат дизајнот на иднината кога визијата станува реалност. Ние не се плашиме од тоа да создаваме трендови на иднината. Производите претставуваат комбинација на органското и на футуристичкото. Формата претставува елегантност, јасни линии и едноставност. Новата модерна колекција на апарати за домаќинството беше родена. Таа вклучува стилски рерни, плочи, аспиратори, комбинирани фрижидери, микробранови печки и декоративни врати за машини за садови и микробранови печки. Во црно и сребрено. Тоа не зборува премногу, само тоа што е потребно. Ништо повеќе.

Gorenje Ora ïto Collection - нова класика за кујната на утрешнината.

Денес, Gorenje, еден од водечките европски производители на апарати за домаќинството, ги комбинира напредната технологија со ексклузивниот, специфичен дизајн и со високиот квалитет. Со своите инвентивни, технички совршени, стилски и еколошки наклонети производи, Gorenje се стреми да стане најинвентивен, дизајнерско-ориентиран креатор на апарати за домаќинството во светот.

За да се направат ексклузивно стилски дизајнираните апарати подостапни до пошироката публика, Gorenje почна да соработува со младиот француски дизајнер Ora ïto.

Резултат на оваа соработка е нова линија на Gorenje Ora ïto - нова класика за кујната на утрешнината.

Ora ïto: „Дете на ужасот“ во индустрискиот дизајн

Зад брендот Ora ïto стои креативен млад  француски дизајнер чии провокативни идеи го оcигуруваат неговиот брз растеж кон врвот на дизајнерскиот свет. На почетокот на својата кариера тој ги претстави неговите дизајни и идеи за замислените производи, потпишани од познати марки на неговата сопствена веб-страница. Луѓето почнаа да нарачуваат производи коишто не постоеја. Големите компании како Louis Vuitton, Nike, Gucci, Swatch, Apple и Levi’s, не можеа да го тужат младиот претендент но беа толку импресионирани од неговите дизајни, така што наместо тоа, го вработија.

Галерија

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice