Исто како што магионичарот создава илузија со жонглерство, вие можете да ја фламбирате храна со голема леснотија. Се е можно со новата колекција на апарати за домаќинство создадена од познатиот француски дизајнер Ora Ïto. Апаратите се едноставни и интуитивни и во нив е интегрирано најдоброто што го нуди технологијата. Разгледајте ги сите нивни трикови!

КАРАКТЕРИСТИКИ

IonAir со MultiFlow 360° функција

Изберете полица. Било која полица.
Системот за вентилација MultiFlow 360 ° рамномерно го дистрибуира јонизираниот воздух низ 14 вентилациски слотови за да одржува постојана температура на секоја полица. Воздухот збогатен со екстра негативни јони ги отстранува непријатните мириси и имитира природна микроклима, со што се создава идеална средина за свежа храна.
Повеќе
Затвори

BridgeZone

Едноставен план за супер големи садови
Магично претворете ги двете одделни зони за готвење во една, со еден едноставен допир. Готвењето во големи садови и тави никогаш не било полесно или поефикасно.

HomeMade облик

Абракадабра, совршено испечено!
Инспирирани од традиционалните фурни на дрва, карактеристичните рерни со заоблен облик на Gorenje дизајнирани од Ora ito, овозможуваат топлиот воздух да циркулира слободно. Храната се загрева рамномерно од сите страни и секогаш е совршено печена: крцкава однадвор и сочна внатре.
Повеќе
Затвори

16 комплети

Повеќе простор отколку во шапката на магионичарот
Целосно флексибилниот ентериер овозможува различни начини на редење, додека пак трите корпи овозможуваат доволно простор за да се измијат 16 комплети истовремено. Сега навистина можете да организирате неповторлива забава!
Повеќе
Затвори

AdaptTech

За да можете да се фокусирате на претставата
Аспираторот го препознава нивото на нечистотија во воздухот и автоматски ја прилагодува брзината на вентилаторот или дури и целосно запира кога повеќе не е потребно. А вие можете да го свртите целото внимание кон својот прекрасен оброк.
Повеќе
Затвори

Автоматско мени (AutoMenu)

Магија за едноставно готвење
Автоматските меморирања овозможуваат поедноставно готвење на одредени видови храна. Само треба да го одберете видот на храната и да ја внесете количината, а микробрановата печка автоматски ќе ги приспособи моќта за готвење и времетраењето.
Повеќе
Затвори

ORA ÏTO
ДИЗАЈНЕР PAR EXCELLENCE

Креативниот францускиот дизајнер отсекогаш бил познат по поместување на границите на дизајнот за да се создаде нешто што е безвремено естетски и едноставно. Оваа суштина е исто така присутна во целата негова нова колекција на апарати за домаќинство од Gorenje.

Неговите провокативни идеи му помогнаа за брзо искачување на врвот во светот на дизајнот. На почетокот на својата кариера тој ги претстави своите дизајни и идеи за виртуелни производи, потпишани од страна на познати брендови на својата веб-страница. Луѓето почнаа да нарачуваат производи кои не постојат. Големите компании како  Louis Vuitton, Nike, Gucci, Swatch, Apple и Levi’s, можеа да го тужат младиот претендент но беа толку импресиониран од неговите намери, така што наместо тоа, го вработија.

Наследството што тој го создаде од успешната соработка со Gorenje која трае повеќе од една деценија е веќе широко пoзнато по своите уникатни дизајнерски карактеристики во комбинација со долговечната корисност.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice