Gorenje Ora ïto бела линија

Gorenje Ora ïto бела линија: Светлината како инспирација

Едноставност. Едноставно и сложено. Кога ќе се отстрани непотребното, остануваат само чисти линии на дизајнот. Едноставноста на дизајнот што нè опкружува денес и утре. Едноставно чистите линии го отсликуваат дизајнот на иднината кога визијата станува реалност. Белина. Или како што се изразува самиот дизајнер на својот сопствен јазик: Le blanc!  Бела! Таа ја впива целата светлина на светот. Нејзината чистота и едноставност го отсликуваат секој детаљ. Поврзан со белината, дизајнот добива специјално значење. Светлината што произлегува од фузијата на сите бои не дозволува грешки. Затоа, апаратите на специјалната колекција на Gorenje од линијата  Ora ïto се преслечени во бело. Ништо не е оставено на случајноста, сè што е тука има своја намена, уживање и флертување со светлината и со допирот и со внимателно дефинираната ефикасност. Кујната на белината ѝ овозможува на секоја личност бесконечен индивидуален избор на артикулација. Оној којшто размислува во бои ќе избере бела  боја во заднината. Само вакво поставување може да обезбеди бескрајна разноликост на вкусови и на миризби, на реалност и на имагинација. Во ваква кујна возможно е да се сонува во бои. Со магичната моќ на светлината! Размислувајте во бои. Изберете бело.    

Размислувајте во бело. Изберете бела!

Денес, Gorenje, еден од водечките европски производители на апарати за домаќинството, ги комбинира напредната технологија со ексклузивниот, специфичен дизајн и со високиот квалитет. Со своите инвентивни, технички совршени, стилски и еколошки наклонети производи, Gorenje се стреми да стане најинвентивен, дизајнерско-ориентиран креатор на апарати за домаќинството во светот. 

За да се направат ексклузивно стилски дизајнираните апарати подостапни до пошироката публика, Gorenje почна да соработува со младиот француски дизајнер Ora ïto. Резултат на оваа соработка е линијата на Gorenje Ora ïto. Прво црна, сега во бела боја, со магичната моќ на светлината.

Ora ïto: предводникот на белата боја

Зад брендот Ora ïto стои креативен млад  француски дизајнер чии провокативни идеи го оcигуруваат неговиот брз растеж кон врвот на дизајнерскиот свет. На почетокот на својата кариера тој ги претстави неговите дизајни и идеи за замислените производи, потпишани од познати марки на неговата сопствена веб-страница. Луѓето почнаа да нарачуваат производи коишто не постоеја. Големите компании како Louis Vuitton, Nike, Gucci, Swatch, Apple и Levi’s, не можеа да го тужат младиот претендент но беа толку импресионирани од неговите дизајни, така што наместо тоа, го вработија.

Галерија

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice