Gorenje Classico Collection

Готвење со страст

Во кујната, како свето место за љубов и страст кон животот, ги создаваме извонредните и оригиналните вкусови на животот. Доколку погледнеме низ историјата на човештвото, токму во кујната се случуваат сите важни нешта. Вкусните ароми на зачини не повикуваат да ги доживееме кулинарските приказни од минатото, но и да создаваме свои. Добрата храна е рецепт за сладок и страстен живот. Ова е отелотворено во кујнските апарати на линијата Classico на Gorenje, достапни во две бои - слонова коска и мат црна боја.

Рерните од  линијата Classico на Gorenje имаат прекрасен и динамичен дизајн во класичен стил. Меките линии се шират беспрекорно од вратата до внатрешноста на рерната, а релјефот и формата на вратата потсетуваат на традиционалните заоблени печки. Совршениот изглед на рерната е заокружен со карактеристични рачки, релјефна рачка со финиш во боја на старо злато и класично дизајниран електронски тајмер што може да се програмира. Оваа рерна е горд сопственик на HomeMADE™ технологијата за печење и има висока енергетска ефикасност. Додадете и малку страст за вкусни, сочни и крцкави јадења.

HomeMADE™ технологија за извонредни резултати во печењето

Иновативниот дизајн на внатрешноста на рерната со паметно поставениот PerfectGrill грејач е моделиран според традиционалните печки на дрва. Ефективната циркулација на топол воздух води до еднаква дистрибуција на топлината и кон одлични резултати во печењето. Телескопските водилки со целосно извлекување го олеснуваат поставувањето на плеховите во рерната и овозможуваат одличен преглед на процесот на печење.

Ниска температура на вратата на рерната

Вратата на рерната има двојна глазура со рефлективни стакла. Затоа, надворешната страна на вратата е секогаш ладна. Безбедната и енергетски ефикасна врата овозможува рерната да достигне A енергетска класа. Внатрешната страна на вратата на рерната нема жлебови или рабови со што е овозможено едноставно чистење.

Разновидните високо-квалитетни, технолошки усовршени плочи за готвење со софистициран дизајн ќе ви овозможат да ја одберете онаа која најмногу одговара на вашите очекувања и навики за готвење, односно онаа која најдобро ќе се вклопи во вашиот ентериер и уредување на домот. Може да одберете меѓу стакло-керамичка плоча и плинска плоча со решетки од лиено железо и извонредно дизајнирани рачки, во две бои - слонова коска и мат црна боја. Специјалниот распоред на горачите во форма на дијамант овозможува подобар преглед и едноставност на процесот на готвење. Плочата за готвење совршено ќе се вклопи со другите апарати на линијата Classico на Gorenje.

Ретро копчиња за поедноставно управување

Карактеристичните копчиња во боја на старо злато, кои потсетуваат на нивните стари керамички претходници, се со современа технологија која овозможува поедноставно управување. Копчињата имаат ергономски дизајн за цврст фат.

Решетки од лиено железо

Решетките од лиено железо ја подобруваат стабилноста и го збогатуваат изгледот на плинската плоча. Направени се од материјал што ги прави особено трајни и отпорни дури и на највисоките температури.

Распоред во форма на дијамант

Специјалниот распоред на горилниците во форма на дијамант овозможува подобар преглед на процесот на готвење. Овозможува повеќе простор за големи тенџериња и тави или вок на двата поголеми и помоќни горилници поставени лево и десно, соодветно. Формата на решетката од лиено железо го следи функционалниот распоред на горилниците и естетски го заокружува изгледот на плочата за готвење.

Вок рингла на плин

Професионалната вок рингла на плин со три огнени прстени ја загрева тавата со голема моќност, со што ја подобрува енергетската ефикасност и ви овозможува да ја подготвите храната за само неколку минути. Опционалната потпора за вок ринглата од лиено железо дополнително ги подобрува сигурноста, удобноста и ефикасноста при готвењето.
Стакло-керамичките плочи од колекцијата Classico на Gorenje имаат софистициран дизајн и се технолошки усовршени. Класичните копчиња за регулирање  и специјално обликуваните рабови што штитат од одлевање се дизајнирани со страст за безвременски уметнички стилови на векови кои поминале.  Апаратите имаат напредни hi-light технологија која одговара на вашите потреби и на вашиот стил на готвење. Во прилог на трите hi-light грејачи, исто така има и грејач со двојна кружна површина што може да се прилагоди на тенџериња и тави со различна големина. Инспиративно мазната површина за готвење  овозможува удобно готвење и едноставно одржување. Ова е плочата за готвење која ќе ја разбуди вашата фантазија.

Современа hi-light технологија со класичен стил

Како надополнување на трите hi-light грејни места, стакло-керамичката плоча има и грејач со двојна кружна површина која може да се приспособи на тенџериња и тави со различна големина. Сè додека зоната за готвење е жешка, индикатор светлото продолжува да свети. Мазната површината на плочата лесно се чисти, а рабовите се поткренати за да се спречи одлевање.
Одберете помеѓу хармонично дизајнираните електрични шпорети кои имаат hi-light технологија и се достапни во 50 см. и 60 см. верзија. Иновативните технолошки решенија, комбинацијата на различни рингли за готвење и ефикасната и иновативна HomeMADE™ технологија за печење, гарантираат одлични резултати во секое време. Ракувањето и контролата на шпоретот е многу едноставна благодарение на паметниот дизајн на копчињата, електронскиот тајмер со аналоген дисплеј и препознатливата рачка за цврст фат.
Минималистичкиот изглед на кујнските аспиратори од линијата Classico на Gorenje софистицирано ќе го заокружат целиот амбиент во кујната. Меките линии и детали со финиш во боја на старо злато ќе се погрижат кујнскиот аспиратор хармонично да се вклопи со дизајнот на другите апарати од оваа линија. Кујнскиот аспиратор се карактеризира со ефикасна и тивка работа. Современиот тренд на спојување на кујната со дневната соба, повикува на нови стандарди во врска со перформансот на аспираторот. Со капацитет од најмалку 750 m3/h, аспираторот од линијата Classico на Gorenje има оптимална моќ да ги елиминира мирисите, влагата и масните честички во простор до 35 квадратни метри.

Копчиња и рачка со боја на старо злато

Дизајнот на аспираторот во бои на слонова коска или мат црна е надополнет со карактеристична рачка во боја на старо злато. Копчињата овозможуваат традиционалната контрола на аспираторот и неговите функции. Декоративната рачка која совршено одговара на дизајнот на целата линија го надополнува изгледот на аспираторот и го нагласува неговиот класичен карактер.

Филтер за маснотии кој е едноставен за чистење во машина за садови

Металните филтри за маснотии во аспираторите на Gorenje лесно се отстрануваат и мијат. Можат да се мијат рачно или во машина за миење садови на деликатна програма.

Фрижидери

Комбинираниот фрижидер од колекцијата Classico на Gorenje воодушевува со енергетски ефикасно работење и со напредни карактеристики коишто го задржуваат квaлитетот на храната и ја гарантираат нејзината оптимална свежина и природен вкус. Префинетиот дизајн на фрижидерот е елегантно заокружен со релјефна рачка во боја на старо злато и со нежна боја на слонова коска. Како дополнување на надворешната класична убавина, внатрешноста на фрижидерот од колекцијата Classico ги вклучува револуционерната AdaptTech технологија за контрола на температурата, IonAir системот заедно со MultiFlow 360° функцијата и NoFrost Plus технологијата. Gorenje ви го нуди најдоброто за Вашиот дом за да уживате во најдобрите вкусови секој ден. 

AdaptTech технологија

Честото отворање на вратата на ладилникот предизвикува ненадејно зголемување на температурата. Така, храната е подложена на термален шок и како резултат на тоа таа може побрзо да се расипе. Револуционерната AdaptTech технологија ја следи фреквенцијата на отворање на вратата во текот на првата недела од употреба на ладилникот. Кога системот ќе почувствува дека вратата на ладилникот се отвора почесто, тој автоматски прво ја снижува температурата за 1 до 2°С пред моментот на отворање со цел да се постигне постојана оптимална температура и да се заштити храната од расипување.

FreshZone фиока

FreshZone фиоката која е лоцирана на дното од просторот на ладилникот, претставува неговиот најладен дел. Специјалниот вентилатор ја одржува температурата на околу 3°С. Тука, храната добро се чувствува и ги задржува свежината, аромата и бојата двапати подолго од вообичаено.

IonAir со MultiFlow 360° функција

IonAir системот со MultiFlow 360° функцијата го прочистуваат воздухот во ладилникот и ја одржуваат свежината на храната преку природниот процес на јонизација. Негативно наелектризираните јони што се создаваат во внатрешноста на апаратот ја освежуваат атмосферата и помагаат во создавањето идеална средина за складирање на храната. Циркулирањето на јонизираниот воздух е овозможено со системот MultiFlow 360° кој внесува свеж воздух со помош на 14 вентилациски отвори за да се одржи константна температура во секоја полица.

NoFrost Plus технологија

NoFrost Plus технологијата е докажана како најдобар систем за ладење на пазарот со оглед на тоа дека таа ефикасно спречува насобирање на лед во внатрешната преграда на замрзнувачот. Со оглед на тоа дека таа нуди многу повеќе од стандардните модели на NoFrost, ја нарековме NoFrostPlus. Во делот за ладење на фрижидерот Classico, овој систем е дополнително надграден со IonAir MultiFlow 360° системот за создавање оптимални услови за складирање на храната.

Галерија

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice