Жолто ... За возбудливи локни

Разиграни локни за секоја пригода.

Дозволете вашиот ден да биде разигран, со насмевки и полн со позитивна енергија. Зачинете го со палави лесни локни!

Можете да направите мали, поголеми или само слабо брановидни локни со колекцијата за убавина на Gorenje дома. Следете ги чекорите подолу и со ронка практичност, станете вистински професионалец за брановидни фризури.

Совршени локни во 5 чекори

Дали често имате чувство дека обликувањето на локните е невозможна мисија? Само напред! Ние подготвивме неколку клучни трикови за креирање совршени локни кои без сомнение ќе ви помогнат да ги надминете сите предизвици во текот на вашиот зафатен ден.

Користете поголема четка кога ја сушите косата.

Втријте одредена количина пена за раскошни локни во вашата коса, додека е таа сѐ уште влажна. Насочете го фенот за коса во правецот на растот на косата додека ја сушите. Користете поголема четка за коса пред целосно да се исуши косата. Ова ќе ја подготви косата за понатамошно формирање.

Разделете ја косата на прамени и заврзете ги.

Виткајте ја косата систематично и рамномерно. Прво, поделете ја косата на два дела на задниот дел од главата со поставување на показалците над вашите уши. Врзете го горниот слој во пунџа, поделите ја лабавата коса вертикално, во две „коњски опашки“ со приближно иста дебелина и доведете ги преку рамената, на секоја страна од лицето.
Повеќе
Затвори

Навиткајте ги околу фигарото.

Загрејте го фигарото на оптимална температура. Посилната коса бара повисока, а потенката коса – пониска температура. Од пуштената коса одберете прамен кој е дебел околу еден сантиметар. Завртете ја околу фигарото, од скалпот кон краевите и држете ја 5 до 10 секунди. Потоа ослободете ја локната и почекајте. Формирајте ја следната локна и повторете ја постапката додека не стигнете до последната локна.
Повеќе
Затвори

Оладените локни траат подолго!

Важно е за локната да се олади, за да не ја изгуби својата форма. Потоа свртете ја главата надолу, нежно расчешлајте ги локните со вашите прсти и лесно протресете ги. Така, ќе создадете дополнителен волумен и природен изглед.
Повеќе
Затвори

Та дам!

За да ја направите витканата коса да трае подолго, зацврстете ја со лак за коса и оставете ја да паѓа слободно или врзете ја како што сакате и направете си разиграна фризура.

Погледнете го видеото.

Како да се направат совршени локни?

Брзи совети за стилизирање на локни

Бидејќи косата едноставно одбива да се покори или правењето фризура ви предизвикува тешкотија.

Не оди сѐ по планот? Без паника, дури и најголемите професионалци не успеваат секогаш. Побаравме професионален фризер за совет во врска со вашата најголема неволја поврзана со формирање совршени локни. Погледнете ги советите за тоа како да ја навиткате косата дома.

Ја виткам косата околу фигарото, но дури и по повеќе од 10 секунди, не можам да направам локни. Што правам погрешно?

Може да има неколку причини. Најчестата е сигурно онаа дека праменот коса што сте го завиткале околу фигарото е премногу дебел. Во овој случај, топлината не навлегува доволно длабоко во праменот и косата одбива да се обликува во локна. Ова често се случува кога виткаме поцврста коса. Во тој случај, Ви препорачуваме да се обидете да обмотате потенок прамен коса.

Причината, исто така, често, може да биде дека температурата на фигарото е премногу ниска. Поцврстата коса бара повисока, а потенката коса пониска температура. Можете да ја приспособите температурата на фигарото од Gorenje Beauty колекцијата механички или електронски и да создадете убави локни без да ја оштетите косата со превисока температура.

Може ли да ја исправам косата што е виткана со користење фигаро, ако употребам со пегла?

Иако постојаната употреба на различни апарати за обликување на косата не целосно спротивно на советите, треба да бидете особено внимателни при таквата употреба. Виткањето како и пеглањето на косата, се, имено, термички третмани кои влијаат врз структурата на косата. Ако често употребувате пегла или фигаро, се препорачува да ја заштитите косата со соодветен производ за нега на коса и да ја третирате косата со топлина ден или два подоцна.

Доколку навистина е тоа потребно, можете да ја израмните вашата извиткана коса со пегла, под услов вашата фризура да не е зацврстена со лак или со кој било друг производ. Овие производи реагираат на температура и заедно ја затегнуваат косата или дури и ја оштетуваат.

Дали е подобро да ја измиете косата пред да ја обликувате со фигаро?

Вашите локни ќе бидат многу поубави и подолготрајни ако ја измиете косата пред да ги формирате со фигаро. Сепак, бидејќи таквата коса е многу помазна и се лизга, веројатно ќе биде малку потешко таа да се залепи околу фигарото. Решението за ова е да нанесете соодветен производ на вашата коса (на пример, пена за локни) или да ја измиете косата во вечерните часови и да ја виткате следното утро.

Може ли да виткам влажна коса со фигаро?

Најмногу се препорачува да се користи фигарото за виткање на целосно сува коса. Затоа, прво треба да ја исушите косата темелно со фен за коса, пред да формирате локни. Влажната коса, исто така, не е добар компромис. Не само што ќе мора да ја држите влажната коса на жешката железна површина од фигарото многу подолго време, туку и целата топла влага што испарува од косата, исто така, може да го оштети скалпот.

Во која насока треба да ја свиткам косата околу фигарото?

Секогаш бидете сигурни да ги формирате локните на таков начин што тие се свртени од лицето. Затоа, треба да ги вртите прамените коса од десната страна на лицето надесно и прамените одлево налево. Не постојат строги правила за свиткување на преостанатите прамени. Можете, исто така, да користите техника во која тие се вртат еден прамен десно, а соседниот лево. Локните нема да бидат монотони и фризурата ќе биде многу повозбудлива.

Колку дебели треба да бидат прамените коса кога ќе ги завиткаме околу фигарото?  

Тоа зависи од ефектот што сакате да го постигнете. Ќе ви требаат потенки прамени за помали локни и подебели за помеки и поголеми локни. Бидејќи секоја коса е различна,  идеалната дебелина на праменот за да направите совршени локни ќе ја дознаете само преку обидување и вежби. Затоа, не се откажувајте, ако не успеете од прв пат да направите локни какви што сакате.

Палаво жолто

Го обоивте вашиот ден во жолто. Што значи тоа?

Жолтата е позитивна и разиграна боја. Таа зрачи радост, оптимизам, хумор, концентрација, ентузијазам и креативност. Вашиот избор на боја значи дека сте фокусирана, но и палава личност која ја сака слободата, забавата и сакате да пробате нови идеи. Вашиот ден е полн со оптимизам, секогаш сте подготвени за нови предизвици и настојувате да најдете нови начини за надминување на предизвиците што ги носи животот секојдневно. Разиграните локни зрачат пријателство, ентузијазам и безгрижност што најдобро ѝ одговараат Вашата личност.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice