Црвена ... За гламурозно исправена коса

Елегантна права коса

Одбравте црвено, избравте страст, самосвест и одлучност! Насочете ја вашата неисцрпна енергија и желбата за поголеми постигнувања во вистинската фризура. После секој ваш бестрашен потег, ќе слушнете глас кој ќе ви каже само една работа: вие сте жена којашто знае што сака и не се плаши тоа да му го каже на целиот свет.

Почнете го новиот ден со самодоверба, со волшебна права фризура што ќе си ја направите дома. Проверете како да го постигнете совршениот резултат со апаратите од Gorenje Beauty колекцијата, брзо и едноставно.

Сјајна мазна коса во пет чекори.

Дали исправувањето на косата ви претставува тешкотија? Подготвивме неколку важни трикови како да добиете мазна, здрава коса, полна со живот. 

Користете четка за коса кога ја сушите косата.

Втријте малку регенератор додека косата е уште влажна за да обезбедите заштита во текот на сушењето на косата со врел воздух. Користете поголема четка за поедноставно формирање на фризурата и осигурете се дека фенот е насочен во правец на растот на косата.

Поделете ја косата на прамени и врзете ги.

Се препорачува косата да се исправа систематски. Поделете ја на два дела одзади така што ќе се ориентирате по точките зад Вашите уши. Врзете го погорниот слој во пунџа и нежно чешлајте го долниот дел пред да почнете да го исправате.

Рамномерно израмнувајте ја косата, прамен по прамен.

Загрејте ја пеглата на оптимална температура. Погустата коса бара повисока, а потенката коса, пониска температура. Земете прамен од околу 2 см во широчина, од подолните делови коса, исчешлајте ја и вметнете ја помеѓу керамичките плочи на пеглата. Држете го апаратот на оддалеченост на околу 1 см од скалпот и измазнете ги прамените со еден потег право кон врвовите. Повторете го тоа со преостанатите прамени.
Повеќе
Затвори

Секогаш од долниот кон горниот дел

Израмнувајте ја вашата коса систематски за да постигнете совршен резултат. Израмнете ги прво подолните слоеви на косата и потоа извлекувајте ги преостанатите прамени од пунџата. Така, ќе осигурате дека секој прамен ќе го исправите само еднаш и ќе имате контрола над обликувањето.
Повеќе
Затвори

Та-дам!

Израмнете го последниот, површински слој на прамени колку што е возможно поблиску до скалпот и осигурете се дека потезите направени со пеглата се подолги и порамномерни. Нанесете капка од природно арганово масло на врвовите од израмнетата коса за да сјајот биде уште повпечатлив.
Повеќе
Затвори

Погледнете го видеото.

Како вашата коса да остане права до крајот на денот?

Брзи совети за исправување на косата

Понекогаш косата едноставно одбива да ве „слуша“, па правењето фризура предизвикува тешкотија.

Не се одвива сѐ според планот? Без паника, дури ни најголемите професионалци не успеваат секогаш. Прашавме професионален фризер за совет за вашата најголема мака поврзана со обликувањето совршена фризура со права коса. Погледнете ги советите за тоа како да ја исправите Вашата коса дома.

Јас користам пегла за коса секој ден. Дали ова ја оштетува мојата коса?

Секој третман на вашата коса со топлина може потенцијално да ја оштети структурата на  косата. Ова се случува, бидејќи топлината ја суши внатрешноста на косата, што, како последица, предизвикува погруба површина и расцветани врвови. На подолг период, ова може да предизвика ослабување на косата. Ако навистина не можете да го избегнете секојдневното пеглање на косата, бидете сигурни дека Ввашата пегла за коса е со висок квалитет. Висококвалитетните керамички плочо и технологијата со активни јони ќе ја заштитат вашата коса од оштетување. Истовремено, задолжително треба да ја заштитите косата од оштетување со користење соодветен производ за нега на коса.

Зошто мојата коса изгледа како да е масна и без волумен по користењето на пеглата?

Косата може да изгледа како да е масна и да биде без волумен поради погрешната насока при исправувањето. Ако со пеглата го исправувате праменот коса директно надолу, косата ќе го изгуби целиот волумен и фризурата исто така ќе нема волумен. Ова е причината зошто треба малку да ја поткренете косата и потоа да ја исправите. Така, ќе го зачувате волуменот и ќе направите фризурата да биде побогата.

Можам да поставам различни температури на плочите на пеглата. Која температура би требало да ја одберам?

Изборот на температура главно зависи од типот коса. Основното правило вели дека треба да се намести на повисока температура за да се израмни погустата, поцврстата коса, а на пониска температура за да се израмни потенката, фарбана или оштетена коса. Температурата што е премногу висока ќе предизвика длабоки оштетувања на косата, но ако температурата е премногу ниска, нема да го постигнете посакуваниот ефект и ќе мора да ја израмнувате косата неколкупати. Најлесниот начин да се определи точното поставување е со обиди, во препорачаниот температурен ранг од 190⁰С до 210⁰С.

Може ли да користам пегла на влажна коса?

Ви препорачуваме да не го правите тоа! Косата мора да биде потполно сува пред да почнете со пеглањето. Ако забележите поголема количина пареа да се појавува од косата додека ја исправате, престанете со пеглањето и исушете ја косата дополнително со фен. Исто така, треба да бидете сигурни дека сте ги отстраниле сите производи кои не се погодни при третманот со топлина (на пр., лак за коса) од косата, пред да ја исправите.

Зошто мојата коса се претвора во „лавовска грива“ во врнежлив ден по употреба на пегла?  

Влагата отсекогаш била непријател на исправената коса. Бидејќи сте ја отстраниле влагата од косата со употребата на пегла, таа е поподложна на повлекување на влагата од воздухот. Така, таа ќе ја апсорбира влажноста на врнежлив ден и резултатот ќе претставува таканаречената „лавовска грива“. Иако не постои совршено решение за овој проблем, може да ги избегнете последиците на врнежливиот ден со употреба на нежен лосион за смирување на коса којшто ќе создаде заштитен филтер на вашата коса или со помош на капа или шешир кои ќе ја штитат вашата коса од влага.

Страсно црвена

Го обоивте вашиот ден во црвено. Што значи ова?

Црвената е боја што значи енергија, страст и акција. Тоа е топла и позитивна боја што изразува силна волја и определба. Твојот избор на боја значи дека сте амбициозна и истрајна личност што си поставува динамични и мошне високи цели. Вашиот ден е полн со страст, со смели потези и со самодовербата кои го следат секој ваш потег. Секоја ваша решителна акција и секое појавување полно со самодоверба ќе бидат најдобро истакнати со мазно исправена коса што ќе му дава нота на гламур и на софистицираност на вашиот беспрекорен изглед.

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice