Карактеристки SmartFlex

15min SpeedWash
15min SpeedWash
15min SpeedWash
Замислете си дека имате гости на вечера и садовите од главното јадење се чисти додека дојде време да го послужите десертот.
IonTech
IonTech
IonTech
Позната ни е непријатната миризба од машината за садови кога е делумно наполнета неколку денови.
16 комплети
16 комплети
16 комплети
XXL машините за миење садови на  нудат доволно простор за сите ваши потреби. Трите кошници овозможуваат миење на 16 стандардни сетови во исто време.
TotalDry
TotalDry
TotalDry
По завршување на миењето, вратата од машината автоматски се подотвара како би излегол вишокот на пареа настанат при миењето.

Совршен резултат

16 комплети

Флексибилни како и вашето време
Машините за садови SmartFlex овозможуваат доволно простор за да ги задоволат сите ваши потреби. Целосно флексибилниот ентериер овозможува различни начини на редење и едноставна употреба, а ефектите од миењето се перфектни.

15min SpeedWash

Чисти брзо за да може вие да забавите
Замислете чиниите од главниот оброк да бидат измиени пред послужувањето на десертот. Брзата 20 минутна програма во комбинација со SpeedWash функцијата ќе ги измие вашите садови за само 15 минути. Совршено за справување со валканите садови кога имате многу гости.
Повеќе
Затвори

Автоматскa програмa

Забава за двајца или дванаесет – садовите ке бидат беспрекорно чисти
Некогаш се што им треба на садовите е мало плакнење, во друга прилика машината е полна садови останати од неделниот ручек. Напредната сензорска технологија секогаш ќе ја прилагоди програмата за миење со оптимална количина вода и оптимална потрошувачка на енергија. Не ви е потребна специјална програма за стакло или пак интензивна програма – единствената AutoProgramme ке ги прилагоди параметрите согласно вашите потреби.
Повеќе
Затвори

Екстра хигиена

Секогаш чисто бебешко шише
Оваа опција го продолжува времето за миење и ја зголемува температурата за 5°C, што во комбинација со интензивната програма овозможува температура од 75°C која елиминира голем дел од бактериите. Оваа програма која симулира процес на стерилизација е создадена за семејства со бебиња, за чистење на бебешкиот прибор и шишиња.
Повеќе
Затвори

Целосна заштита од прелевање (Total AquaStop)

Без грижа за излевање на вода
Благодарение на AquaStop заштитата, машината може безбедно да работи во текот на ноќта, или во ваше отсуство. Во случај на протекување на вода во инсталацијата на машината, или пак нивото на вода внатре во машината го надминува нормалното ниво, AquaStop заштитата автоматски го прекинува доводот на вода и ја испумпува останатата вода од внатрешноста на машината во одводот спречувајки поплавување. AquaStop заштитата е активна во тек на целиот животен век на апаратот.
Повеќе
Затвори

Совршено корисничко искуство

SmartFlex

Квалификувани да ја завршат вашата работа
Новите SmartFlex машини за садови се инспирирани од модерниот начин на живот. Поради фактот што нашето секојдневие може да биде прилично динамично, создадовме генерација машини за садови кои ке го олеснат товарот од вас со помош на многуте напредни функции кои ги поседуваат.

SmartControl

Јасност и контрола
Подесувањето на вашата машина за садови никогаш не било полесно. Сите команди се поставени на ергономска позиција, со едноставна логика на управување од лево кон десно. Додека сите модели се опремени со бел ЛЕД дисплеј, некои од напредните модели се опремени со контрола на допир. Еден допир е доволен за старт на миењето.
Повеќе
Затвори

СуперТивко

Тивко како шепотење
Најтивките машини за садови работат со ниво на бучава од 41 dB што соодветствува на шепотење меѓу две лица. Тивкото работење е резултат на комбинација на специјална звучна изолација, ефикасни мотори, висококвалитетни материјали и иновативни системски решенија.
Повеќе
Затвори

Осветлена внатрешност

За совршен надзор
Поставеноста на ЛЕД светилките нуди елегантно осветлување на ентериерот на машината за садови, овозможувајќи лесно полнење и празнење.

Статус LedLight

Секогаш под контрола
Специјалното ЛЕД светло поставено на долната страна од вратата константно прикажува во кој дел од циклусот на миење е машината. Со ова секогаш ќе знаете дали циклусот на миење е завршен или сеуште трае.

Паметни решенија

TotalDry

Се грижи наместо вас
По завршување на миењето, вратата од машината автоматски се подотвара како би излегол вишокот на пареа настанат при миењето. Со ова се овозможува свеж воздух да допре до садовите со што ќе овозможи комлетно сушење дури и на пластичните садови. Одлично решение за брзо сушење со ниска потрошувачка на енергија.

IonTech

Без непријатни мириси, без грижи
Позната ни е непријатната миризба од машината за садови кога е делумно наполнета неколку денови. Напредната IonTech технологија имплементирана во машините за садови од Gorenje работи на принцип на природен процес на јонизација, отстранувајки ги по природен пат непријатните мириси, одржувајќи ја вашата машина свежа, дури и кога е полна со валкани садови.
Повеќе
Затвори

Потрошувачка на вода од 6,9 литри

Штеди време и вода
Со рачно миење на садови потрошувачката може да биде и до 100 литри вода за третман на 12 стандардни комплети. Миењето во машина за садови може десеткратно да ја намали оваа потрошувачка. Напредните модели се опремени со специјален резервоар за вода кој ја намалува потрошувачката до само 6,9 литри по циклус.
Повеќе
Затвори

A+++ -10% ниска потрошувачка на енергија

Врвна енергетска ефикасност
Благодарение на новиот Inverter PowerDrive мотор, оптимизираните програми и паметните решенија како TotalDry, машините за садови од Gorenje комбинираат перфектни резултати на миење и сушење со многу ниска потрошувачка на енергија.
Повеќе
Затвори

Инвертер PowerDrive

Неверојатна моќност, висока ефикасност
Новиот Inverter PowerDrive мотор без четкици со регулација на брзината, овозможува високи перформанси со значително потивко работење, ниска потрошувачка на енергија и подолг животен век.

SmartLook

Машина за садови прилагодена на вашата кујна
Специјалниот механизам на вратата дозволува монтажа на машината за садови во било каков кујнски елемент, без разлика на висината на декоративната врата и кујнската цокла. Дополнително вградениот анти – сифон овозможува монтажа на машината за садови освен класично на кујнскиот под, на ергономски прилагодена висина за олеснување на манипулацијата со машината. Со еднаков празен простор од сите страни на декоративната врата.
Повеќе
Затвори

XXL инокс

Повеќе простор за валканите садови
Целосно вградните модели со висина од 86 cm совршено се вклопуваат во кујни со прилагодена висина на корисниците (поголема од стандардните 85 cm). Импресивната целосно иноксна када од 56 cm, една од најголемите на пазарот, овозможува простор за сите ваши потреби. Нудат можност за сместување на садови до 35 cm во дијаметар кај XXL моделите и до 31 cm кај стандардните модели.
Повеќе
Затвори

Погледнете ја нашата понуда

Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice