Сите карактеристики на машините за садови

MultiClack систем

Приспособени за садови со различни големини
Висината на горната корпа може да се приспособи на повеќе нивоа. Ова е практично решение за миење на поголеми садови, тави, чинии и стаклени чаши.

SpaceDelux

Извонредна пространост
Пригодната трета корпа го зголемува капацитетот на машините за миење садови на 14 стандардни комплети за послужување. Во неа можете едноставно да ставите и прибор за јадење, како и поголем прибор и филџани за кафе одвоено. Ваквиот изглед придонесува и кон подобри резултати во миењето, кон поедноставна и оптимална употреба на просторот.

TotalDry

Секогаш чисти, секогаш суви
Патентираното решение во најдобрите модели на машини за миење садови осигурува комплетно суви и сјајни садови. По циклусот на миење, вратата на машината автоматски се отвора, онолку колку што е потребно за да излезе преостанатата пареа. Како резултат на тоа, садовите ќе бидат наполно суви и доволно изладени за да можете да ги извадите.

AquaStop

Во случај на излевање на вода, AquaStop автоматски ќе го прекине доводот на вода во машината, а пумпата истовремено ќе ја испумпа и преостанатата вода од кадата на машината за садови во одводното црево. Затоа, можете да ја оставите да работи машината за садови навечер или додека нема никој дома, без страв од поплава.

SpaceComfort

Уникатниот дизајн на долната корпа на машината за садови на Gorenje овозможува исклучителна прилагодливост на внатрешноста. Држачите на садови можат така да се сложат за да се обезбеди повеќе простор за миење на лонци и тави од различни величини. Специјалната корпа за прибор може да се поместува што овозможува дополнителна прилагодливост на просторот во долната корпа. Иновативните решенија водат кон импресивен капацитет до 13 стандардни комплети за послужување.

XXL

Повеќе простор за нечистите садови
Целосно вградната машина за садови со висина од 86 cm е совршена за кујни кои не се со стандардна висина. Оваа машина за садови е 4 cm повисока од конвенционалните модели и нуди поголема флексибилност на внатрешноста, а со тоа и повеќе простор.

TwistSystem

Водата на вистинско место
Специјалните распрскувачи на вода ротираат брзо и ја распределуваат водата оптимално во внатрешноста на машината односно до секој поставен сад за миење.Прскалките се прикачени на специјални места при што обезбедуваат полу-кружни движења од лево кон десно. Како резултат на тоа, садовите се перфектно измиени, но и се заштедува електрична енергија и вода.

SmartLook

Машина за садови прилагодена на вашата кујна
За полесно вградување и поелегантен изглед на долниот дел на апаратот, специјално дизајнираната шарка прво ја одвојува вратата од машината пред таа да се отвори во целина. Со ова се избегнува потребата дополнително да се крои декоративната цокла.

Програма за брзо миење (SpeedWash)

Чисти садови за дупло пократко време
Оваа програма автоматски ги приспособува температурата и количината на вода за постигнување оптимални резултати на миење и сушење во најкус рок.

QuickIntensive

Кратка интензивна програма на миење
Оваа програма, што работи на 65 °C, значително го скратува времето потребно за дневното миење на садови.

A++ енергетска класа

Најквалитетните машини за миење садови се високо енергетски ефикасни и според тоа – економични. Најдобрите модели се рангирани со А++ енергетска класа, што значи дека користат 40% помалку електрична енергија од моделите со енергетска класа А.

Самочистечки филтер

Системот за автоматско чистење на филтерот ги мие остатоците од храна со што го заштитува филтерот од затнување и ги спречува сите проблеми или грешки.

Програма Хигиена

Секогаш чисто шишенце за вашето дете
Оваа програма вклучува дополнителен циклус на плакнење со ладна вода, по кој следи продолжено миење со топла вода на 70°C за да се елиминираат до 99.9 % од бактериите. Оваа програма која го имитира процесот на стерилизација е специјално дизајнирана за семејства со мали деца каде што е потребно високо ниво на хигиена на детските садови и шишенца.

ExtremeSilence

Напредните модели на машини за садови не се погласни од тивок разговор помеѓу две лица.
Просечното ниво на бучава е 45 dB.

Одложен старт

Чисти садови, ниски сметки за електрична енергија
Некои модели на машини за садови имаат одложен почеток на миењето до 24 часа. Оваа фунција ви овозможува да миете садови на евтина тарифа на електрична енергија.

Економична употреба на вода

Машините за миење садови користат до 40% помалку вода од конвенционалните модели. Најдобрите модели користат само 11 литри вода со миење на Еко програмата.

Прилагодливи корпи

Простор за садови со различен облик и големина
И горната и долната корпа можат да се адаптираат според висина со цел да собере садови со различна големина и облик. Рамките во долната корпа можат да се превиткаат за да се обезбеди простор за поголеми садови. Долната корпа исто така вклучува и посебна корпа за прибор за јадење. Горната корпа може да се помести со цел да се обезбеди простор за деликатните стаклени чаши.

Додаток за долг кујнски прибор

Без паѓање на приборот од корпата
Advanced моделите нудат практичен додаток во горната корпа за сместување на долг кујнски прибор.

Функција 3 во 1

Преку едноставно активирање на „3 во 1“ функцијата, вашата машина за миење садови автоматски ќе го прилагоди циклусот на миењето и ќе го изостави средството за плакнење, со што ја прави оваа функција многу лесна за употреба. Доколку користите детергент во прав или пак гел, средството за плакнење ќе биде испуштено, со што ќе обезбеди оптимални резултати и совршен сјај на садовите.
Посетете не
Facebook
Twitter
YouTube
Flickr
Споделете
Facebook
Twitter
Бидете информирани
RSS
Prijava na novice